ТЕКСТ: Велат: „Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си, за Бадник дома да си.“
И секогаш исто. Со истиот божиќен дух. Здравје, бериќет, паричка, богата трпеза, сите собрани...
КОЛУМНА: Сакам честитка. Сакам пакетче.
Сакам снег.
Но, не толку колку што сакам да се врати времето кога новогодишната честитка оставена под клупа имаше вредност...
ТЕКСТ: Ако бев момче...
Веројатно немаше да се одберам себеси, оваа девојка што ја претставувам.
Барам многу. Многу љубов, многу нежност, многу внимание, многу препирки, многу детска душа...
ПИСМАТА ОД ЛОЗАНА: Пеперутко пеперуткосана,
Нашата пошта има многу поплаки од мене. Знаеш дека првото писмо ми го вратија? А, толку се радував дека ќе го добиеш. Писателке моја најсакана, за тебе научив и на германски да пишувам...
ПОЕЗИЈА: Стои најгоре на ѕидот,
да биде секому пред видот.
Птицата во него пее.
Секој ден публика:
децата радосни,
возрасните задоволни,
домаќините горди.
Среќа од секакви сорти...
КОЛУМНА: „Не го сакам, види го: лигле!
Одвратен ми е...“
Многу приказни почнуваат вака. Почна и нејзината на овој начин.
Дали од презир или од престиж...
КОЛУМНА: Никогаш не ми пришол совршениот.
Никогаш ни јас не сум му пришла нему.
Не се приближале мислејќи дека сум совршена.
А, јас - и тоа како сум таква.
Совршено сум несовршена...
ТЕКСТ: Вчерашната иднина не беше ваква. Денес требаше да бидам со тие што ги сакам, со исполнетите планови што ги имав, со ведрото небо над нас.
Вчера не го замислував денес ваков...
ПОЕЗИЈА: Луѓе.
Кои не ми се важни.
Лица.
Кои пак не ми се важни.
Лаги.
На секој чекор...
КОЛУМНА: Кој што сака нека рече, ама студентскиот живот направи човек од мене. Академски граѓанин. Научив како се оставаат коски по факултетските ходници...
ПОЕЗИЈА: Некому е срам да погледне питач гладен.
О, да, можеби лаже!
Можеби е богат, може има кола...
ТЕКСТ: Знам поради што ме засака. Знам што си кажал кога првпат си ме видел. Сум била најубавата што дотогаш си ја сретнал, сум била културна и фина при првиот поздрав. Издвоена од толпата, најубава во просторијата...
ПОЕЗИЈА: Одбери црта.
Збор знам дека не сакаш.
Одбери реченица од линии:
ако сум добро,
ќе огреам сонце,
ако е тешко,
ќе му ставам облак...
КОЛУМНА: Сол-макарон, еј Макарена, Томиџери, мечето Ушко, крадена зелка во секој ден од неделата, цртан по Крстозборот, веќе ни животот не ти е осигуран, Мапет бебиња, Мачиња, Летечките мечиња...
КОЛУМНА: Полноќ е.
Сказалките се бакнуваат.
А, Пепелашка допрва ќе излегува. До сабајле.
Тоа е онаа девојка која има многу чевли, ја знам. Не може да си ги најде никогаш кога се спрема за в град, не знае каде ѝ се. Дека ѝ е растурено, затоа...