Чекајќи ги вистинските пријателства
Пријател - тоа е оној човек што ќе те насмее.
Тоа е оној човек што ќе те ислуша.
Тоа е оној човек што знае што те мачи.
Тоа не е оној човек кој ќе те исмее.
Кој ќе те навреди намерно.
Пријател е богатство во денешно време.
Ти се бројат ли на една рака?
Мене отсекогаш ми се броеле на една рака. Чувствителна сум на таа тема. Се разочарувам многу брзо. Но, за тоа сум виновна само јас, никој друг. Очекувам многу од пријателите. Сметам дека ќе ми вратат на истиот начин. Дека и тие ќе 'стават рака во оган' за мене. Добро, не мора тоа, но барем да вратат со слична мера. И не толку многу подолна од мојата. Затоа се чувствувам понижена, затоа што можеби и тоа сум го добила од нив.
Лошите искуства со пријателствата знаат да создадат големи трауми. Може да се случи десоцијализација - да не сака човек да се движи меѓу луѓе. Тоа најчесто се случува кај пречувствителните личности. Признавам, виновна сум. Припаѓам на таа група. И често сум се прашувала дали проблемот е во мене. Дали сум била виновна што имам такво срце? Дали сум виновна што сакам луѓето да ме сакаат? Или само пребрзо сум им се отворала на луѓето мислејќи дека ми се пријатели? Да, тука ми беше грешката.
И додека ги чекав вистинските пријатели се изнасретнав со многу навидум такви. Насмеани, ведри, позитивни и нималку отворени за помош. Не мислам на онаа материјална помош која можеш да ја видиш, допреш, потрошиш. Мислам на добриот збор. Мислам на тоа да застанеш на моја страна кога се сите против, само за да ми дојде подобро и да излезам од депресијата. Мислам на тоа добро да ме 'ошамариш' со голата вистина за да се свестам кај сум. Многу често се сретнував со такви луѓе кои не ме разбираа што сакам од нив. Честопати сум се нашла љубоморно гледајќи ги останатите пријтелства кои траат со години. Зошто бев таква? Знам. Поради траумите од претходно. Поради пребрзото отворање и сега неотворање. Сега дури и на добрите луѓе им го затворам срцето. Немав талент за наоѓање вистински пријателства.
Чекајќи ги вистинските пријателства, во оној период откако ги затворив старите лажни, останав сама со себе. И тоа беше вистинската дружба. Се слушав себеси, си помагав себеси, се пронајдов себеси. Се преслушав што сакам јас и како да направам штит од лошите луѓе. Кога го направив тоа, вистинските пријатели сами ме препознаа. Сами дојдоа да ми ја дружат мојата огромна душа.
Со тие неколкумина, јас немам повеќе трауми.
Се излечив јас, ме излечија тие.
Во ред е да се осамиш додека дојдат вистинските пријателства.
Само така ќе се научиш каков си навистина.
Тогаш и ќе имаш за што да се отвориш, што да кажеш за себе.
Вистинските пријателства постојат.
Ги има.
Марија Лозаноска,
12.3.2018, понеделник