Поезија
- музика за душата
♬♬ ♬ ♬♬
Прочитајте ја и поезијата од блогот...
|
Сокол
Сакам да се родам во гнездо соколово. Зошто?.... Се раѓам во материја густа, се хранам од мајчина уста, далеку од Земјата пуста... Јас немам раце, имам крилја, но имам таква сила, за одлет во идила... Немам раце, имам пердувче бело, немам прст за да не ставам на чело за секое промаршено дело... |
Кукла Ме сакаат од излогот, се восхитуваат на блесокот од косата, нема никој струк како мојот... Играј, чешлај, шетај, фали се: пак ќе сум тука! Остави ме, заборави ме, необлечи ме: нема пак да кукам!... |
Кафез
Стои најгоре на ѕидот, да биде секому пред видот. Птицата во него пее. Секој ден публика: децата радосни, возрасните задоволни, домаќините горди. Среќа од секакви сорти! Пердувот ѝ свети како никогаш... |
Големото Л
Луѓе. Кои не ми се важни. Лица. Кои пак не ми се важни. Лаги. На секој чекор. Не сакам да речам дека Земјава е мала. Човек до човек, пред тоа само име, а сега му знаеш и презиме... |
|
Тишина
Ги потрошив зборовите. Не знам кому. Ги создавав со деновите. Не знам за кого. Сега немам глас. На некому му треба моето внимание. Но, јас се потрошив. Ќе се врати ли тој подоцна? Чекам да соберам храброст... |