Те изгубив, така и ми треба
... Никогаш не научив да бидам романтичен. Можеби затоа што не сум стигнал до тоа ниво. Не сум стигнал да сакам девојка, онака вистински, без да се плашам дека ќе излезам папучар. Гледав само да се покажам пред светов, да речат: „Е, стварно му ја живее. Во едната рака Џек Д., во другата најјаката во градов. Фраерчина, мажетина!“
Мислев дека си иста како сите. Всушност, не ни имав некаква класа, некаква поделба кај девојките. Женски род, да те тешат, галат, да се празниш. Си имав една листа за тоа која за колку време иде. Слушав гласини која што нуди, па тоа ми беше еден вид занимација, да ги повикувам и оставам. Како трофејчиња во витрина, на излог.
А, не сум лошо момче. Кога бев мал, секогаш мислев дека, кога ќе пораснам, ќе имам две момчиња и едно девојче. На момците ќе им бев голман и ќе ги учев да бидат борци, а девојчето ќе си го сакав најмногу. Таа ќе ми беше омилена и ќе ја чував во стаклено ѕвоно. Ќе беше мојата принцеза, исто како мајка ѝ.
Не знам зошто постанав ваков.
А, не сум лош човек.
„Се појави ти и знам, не си како сите други...“ Паметам дека тој стих одеше кога те здогледав за првпат. Никогаш не ѝ давам важност на музиката, повеќе на пијалакот во раката. Беше во црвено, со руса коса. Но, како да се споија и едното и другото, како музиката од тебе да излегуваше. Проклет да сум, да знаев како што знам денес, немаше да ти се приближам на таков начин, каков што бев навикнал: со насмевка, самоуверен, честам и кажувам иста реплика, кажана на веќе многу пред тебе. Проверена. Како в сон научена лекција. Чиниш пеев како петкаш песна за рецитирање. Бев сигурен дека веднаш ќе паднеш.
„Ох, да. Имам слушано за тебе. Половина девојки во градов од тебе плачат. Па, и не си бил нешто посебно како што се зборува. Не се мачи, за тебе сум мажена со три деца, им препуштам предност на останатите што не си ги фатил.“ Тоа беше нашиот прв разговор. Јас со излишен муабет, ти со гнев кон мене дури и пред да ме запознаеш. Без да сум свесен, тие три дечиња си ги замислив дека се оние моите: двете војничиња и принцезата. Ти ми удри шамар од зборови во име на сите што ме колнеа, оние што ги оставав. Не знам што беше пресудно кај тебе: искреноста, борбеноста, чесноста или тие твои најубави очи, таа магична насмевка. Сум имал секакви: слаби, дебелки, ниски, високи, црни, но не и толку проклето убаво руси како тебе. Сигурно сум те измерил, но сум заборавил по сѐ она што ми го изнарече. Ти беше тоа совршенство од девојка за мене. Како калапче за мене.
Но, проклет да сум, не знаев да те ценам! Доцна сфатив дека ти не си како сите, дека ти си таа што ќе ми го промени мојот кучешки живот. А, што ли може да се очекува од еден скот како мене? Тебе не те освоив со илјадапати кажана реплика, сѐ беше ново и неповторливо. Ти за мене беше нова. Не нова девојка, туку нова и подобра иднина. Со тебе бев подобар човек. Без тебе само слабак помеѓу искушенија. Ти беше мојата искрена девојка, а јас стар волк. Ненаситен. Проклет да сум, не знаев да те чувам!
Не знаев дека една твоја прегратка е потопла од полна соба убави девојки.
Еден малечок твој бакнеж е поголем опиум од бесконечни дози на Џек Д.
Краток поглед од тебе ме исполнува од секаква фалба меѓу друштвото.
Не помислив дека ќе ми фали твојот збор.
Не помислив дека ќе бидам зависен од твоето „Те сакам“.
Проклет да сум, не научив како да те губам!
И сега те барам во секоја. Не собирам трофеи, туку со нив си ги бришам солзиве во душава. А, со тебе бев среќен папучар. Заљубена и луда будала. Сега сум само будала. И сѐ уште правам грешки. Сѐ уште другар ми Џек ме тера да бидам стариот, а јас тогаш само тебе те гледам низ сите, низ цела просторија. За тебе сум бил роден, но сам ќе живеам, бидејќи те изгубив, проклет да сум - и така ми треба!
Ме научи дека постои љубов, дека и со искрено срце можеш да бидеш внимателен, да бидеш човек. Не ми пречеше кога ме исмејуваа за тебе, мене ми беше убаво цел ден да слушам за мојата љубов, макар и од шегите на другарите.
Но, зошто мила, зошто не ме научи да те гледам со друг? Да ме научеше како да те преболам, како да те пресакам, како да те заборавам, како да му објаснам на светот дека ја испуштив единствената девојка која ме научи да сакам. Сега сум само една вљубена будала неинтересна за живеење. Проклет да сум, сега сфаќам сѐ. Сум знаел како со девојките, но не сум знаел како со љубовта. Тоа е мојата карма. Сѐ ми се враќа.
Сега гледам дека воопшто не ни требало да научам да бидам романтичен, требало само да научам да сакам.
Да научам тебе да те сакам.
И проклет да сум, те изгубив!
Така и ми треба ...
Марија Лозаноска
13.10.2013, недела