Кој ти лежи на срцето?
Имаш место широко в гради,
од илјадници хектари,
со неброени километри,
чиниш можеш земја да изградиш,
да основаш школи, градинки и сали -
но кој ти лежи на срцето,
кој ти исполнува животот?
Со озаруваш на малечки дела,
можеш да векуваш
и по градови и села.
За тебе и мајстор и кнез и царот,
за тебе исто вреди од секого дарот.
Но, кој ти лежи на срцето,
кој ти го исполнува животот?
Ти гледам среќа секаде кај што стигаш,
ми делуваш милно,
но дали доволно силно?
Кој те поткрева до небеса,
која ја сметаш за невеста,
дали имаш желбени тајни,
имаш ли неисполнети желби сјајни?
И, кој ти лежи на срцето,
кој ти го исполнува животот?
Имаш место со хектари и милји,
но имаш ли ќоше кај меѓите трнли?
Едно место мало да ме ставиш мене,
едно аголче безаголно мене да збере.
За да ти лежам на срцето,
за да ти го исполнувам животот!
За да те кревам до небеса,
за да ти бидам невеста.
Марија Лозаноска
27.3.2015, петок
27.3.2015, петок