Големото Л
Луѓе.
Кои не ми се важни.
Лица.
Кои пак не ми се важни.
Лаги.
На секој чекор.
Не сакам да речам дека
Земјава е мала.
Човек до човек,
пред тоа само име,
а сега му знаеш и презиме.
Те газеа, те газат,
по образот те мазнат,
по грбот те дразнат
и човечноста ја празнат.
Ох, каде ли да погледнам?
Дал во семејната Лоза,
дал во тие од прв ред
да зафатам одважна поза
или да најдам за душава Лек?...
Не ме разбираат ако кажам од себе,
потврдуваат ако кажам за себе,
прифаќаат да се рамо
до рамо до тебе.
Линчуваат штом ќе тргне лошо.
Не се Луѓе, тие се ѕверови!
Лисици со Лик на јагне
во облека од крзно.
Лавови ненајадени во животов.
Ненапиени од слава...
Јас сум Лик по случаен избор.
И случајно сум надвор.
Добив крилја и Летнав до небо.
Сé уште не го допрев.
Ме креваат, ме спуштаат.
Ме крунисуваат, ме каменуваат.
Јас сум Лик опкружен од...
... дали беа тоа: Луѓе?!...
Марија Лозаноска
-дел од поезијата во романот
„Големото Л“, 2012
(прочитај ја рецензијата за романот потпишана од Венко Андоновски >>)