Во ред е да не е во ред
Еве сум, пак плачам. Ме гледаш? Не ме гледаш, се скривам. Бегам да не ме види никој, бидејќи не смеам да бидам ваква. Не смее мене ова да ми се случува. По правило, човекот мора да се смее. Не смеам да плачам, не.
Тоа е за мали деца.
Како ти оди животот? Не ми кажувај, сигурно подобро од мојот. Не си бил оставен вака како мене, сигурно луѓето те сакаат што и да направиш. Па, како така? Јас колку и да помагам, колку и да покажам квалитети, не ме сакаат луѓето. Тешко ми е, ме слушаш? Тешко ми е!!! Чекам да помине секој ден, очајно чекам. Времето го преживувам, дишам од потреба. Не сум се чуствувала подолно во животот.
Во ред ли е тоа?
Понекогаш, не знам како се чувствувам кон насмевките од другите. Не знам дали се радувам на нивната среќа, дали и’ се восхитувам, дали љубоморам, завидувам, се сожалувам, се депримирам. Како долго време да се навикнав со несреќава. Така се чувствувам во душава, не дека се работи за месеци или години. Срам ми е да кажам дека не сум во моментот среќна. Што? Зборувам глупости? Во ред е да бидам некогаш несреќна? Како, пријателу? Зошто?
Добро, убаво ми велиш, редно е да ги избришам солзите. Доволно исплакав, првиот чекор е повеќе од доволен. Да ги избришам солзите и да оставам место за насмевките. Морам да размислувам рационално, иако чувствата ме навјасале. Да, ми се редат несреќни моменти едно по друго, но има денови кога среќата не се додржува. Сум се израдувала од едно, па од друго, па од трето. Велиш, со тешкиве денови созревам? Не сум размислила така. Можеби во животот допрва ми доаѓа голема моќ, слава, љубов и среќа, и морам да бидам подготвена. Мора да знам како е на дното за да не останам сама на врвот. Со тоа ќе знам како им е на оние врз кои ќе се редат несреќи како сега мене кога ќе бидам среќна. Ќе бидам приземјена во моето задоволство. Нема да дозволам да ме победи надмоќта и да бидам сурова. Затоа што, може пак да ме снајдат тешки денови и ќе ми биде потешко. Да, овие моменти ме учат за иднината. Да знам како да преживеам. Ме учат да бидам човек!
Фала ти, пријателу, што ме исчита. Тешко ми е, но ќе биде подобро. Не е во ред да не биде во ред.
Во ред е да ти е тешко, во ред е да созреваш.
Таков е редот, така растеме.
Марија Лозаноска
10.9.2015, четврток