Жалам, луѓето не почитуваат, туку користат
Не одат луѓето повеќе со наведната глава. Тоа е реткост. Бидејќи немаат грижа на совест дали некого навредиле или ги навредиле. Повеќе не се работи за почит.
Туку за корист, жал ми е.
Самиот збор се користи за предмети. Користам сапун. Си ги мијам валканите раце од чесната ра-бота. Не се мие валканата совест со таков предмет. Користам огледало. За да се огледам себеси како ми стојат новите пантолони кои ги заработив со чесната работа. Со нив не се прикрива лошиот човек и неговите користољубиви дела. Макар биле од злато. Не се користат луѓето, не се предмети, Тие се почитуваат. Тие се љубат, им се восхитуваш. Им бараш помош, им нудиш помош. Им нудиш живот. Не им нудиш пари, не е животот пазар: купи-продај.
Луѓето ги помешаа работите. Свесно. Почитта ја заменија со корист.
Дури и човекот го заменуваат во зависност од потребите. Повеќе не си ми потребен, ќе си најдам друг, покорисен! Ми се скрши моливот, ќе си купам друг, со него ќе си го испишувам животот, ти си веќе истрошен материјал! Знаеш, луѓето имаат потреби. Им треба кола - бараат човек со кола. Се извинувам - шофер бараат. Им треба жирант, бараат непознат жирант. Го бараат најбогатиот. Оној со кого никогаш не зборнале, но кој наеднаш постанува светец. Имам нов симпатија во новото кафуле - барам другарка која излегува таму и по можност со него да се знае. Барам стан во главниот град - влегувам во врска со партнер кој го има тој стан.
Жалосно е, со наведната глава пишувам. Со резерва пишувам. Дали само на ваков начин се наведнуваме со главите? Дали само на тоа го доведовме животот - да му се наведнуваш на секому што му зборуваш, но само ако е преку монитор? Ја наведнуваме главата само над тастатура? Ја наведнуваш главата повторно на предмет, ова пред тебе не е човек. Излези надвор и побарај го. Не секој, туку на оној што си му згрешил. Наведни ја главата, но не замислувај тастатура. Излези надвор и најди го оној што ти помогнал. Наведни му ја главата и покажи му почит, дека благодарен си.
Не е предмет, не го користи.
Имаме потреба сите, луѓе сме.
Но, не сме луѓе кога сме глуви и неми пред оној што ни помогнал.
Дозволи да ти помогне, но и ти помагај.
Смени ја користа во почит, поздрави го некогаш без да му бараш нешто.
Јави му се без да ти е потребен..
Наведни се без да ти биде срам.
Тоа, за среќа, се вика почит.
Марија Лозаноска
17.7.2014, четврток