Универзитетски професори за Големото Л
ШТО Е ЖИВОТОТ БЕЗ ПЕПЕРУТКИ ВО СТОМАКОТ?
Што и да се случи во животот, следува ново поглавје кое ќе започне со голема почетна буква ... Ова е девизата на Сара Левски која за авторката Марија Лозаноска е лик по случаен избор т.е. онаа девојка која знае да се радува на среќните секунди и да плаче на вековните таги. Приказната за познатата/славната Сара Левски од/во малата државичка на Балканот, која длабоко во себе сè уште го носи Петар Пан, тече низ едно суптилно преплетување на детското и возрасното видување и доживување на светот. Тој спој на детскиот и возрасниот аспект се манифестира уште на првите страници каде Сара Левски меѓу полиците на домашната библиотека полни со прашина во изнајмениот стан во големиот град ја пронаоѓа книгата со пеперутчеста корица под чија слика го открива насловот Вештица на авторот Венко Андоновски. На почетокот, вели Сара Левски, дури помислив дека таа книга навистина припаѓа во литературата за деца, веројатно според наивноста, леснотијата и детскиот дух кој го носеше пеперутката, но сфатив дека работите не се никогаш такви какви што изгледаат при првиот поглед.
Така што ова правило важи и за романот на Лозаноска. Концепиран е како хибрид кој во себе, покрај главната приказна разлеана низ дванаесет подприказни, инкорпорира и една мини-збирка поезија од тринаесет песни мотивски врзани со целокупниот тек на животот на Сара Левски. На прв поглед, особено кога ќе се фатите за самите наслови на дванаесетте поглавја на оваа приказна: Госпоѓа Пеперутка, Куклена претстава, Мери од Попинсови, Алиса од Земјата на чудата, Наспаната убавица, Прасето и трите волка, Девојчето без кибритчиња, Проголтај и порасни, Сара и деветте џина, Момчето Ѕвездалија, Дрвениот нос и Хариевата потера, ќе помислите дека се работи за роман наменет за деца. Секако не смееме да заборавиме дека литературата за деца постои како страшен предизвик за талентот на писателите кои, како што би рекол Егзипери, треба да се сетат како им изгледал светот кога биле деца. (Јадранка Владова. Литературата за деца. Скопје: Ѓурѓа, 2001: 21). А да не заборавиме дека една ваква играрија под наслов Човечулец која настана со поврзување на неколку сказни-раскази и една автосказна во кои јунаци се оние епизодни или маргинални ликови фрлени во уште помаргинални ситуации од светските сказни, на Александар Прокопиев му ја донесе наградата Балканика за 2010 година.
Од друга страна не треба да се заборави да се потенцира дека не е воопшто случајно што приказната започнува од библиотеката и од книгата т.е. од нејзината корица која дава „лажна“ претстава за текст со некаков детски дух. Библиотеката се доживува и како затворен (таа е скоро секогаш сместена во просторија која се прифаќа како еден микрокосмос или видлив простор) и како отворен простор (таа на своите рафтови реди и подредува безброј книги кои отвораат нови простори како макрокосмоси или невидливи т.е. простори кои се создаваат со помош на имагинацијата). Библиотеката е простор во кој се наталожува книжевното и уметничкото искуство низ вековите. Така нејзиното внесување во приказната како да кореспондира со Борхесовата идеја за Библиотеката што во себе ќе го подреди светот и за бескрајната Книга што ќе ги внесе во себе сите книги (Александар Прокопиев. „Борхес и компјутерите“ во Постмодерен Вавилон. Скопје: Магор, 2000, 179).
И Марија Лозаноска преку ова свое постојано повикување на наслови и моменти, преку вметнување на ситуации и пораки од познатите приказни за деца како да сака да покаже дека не заборавила на својот детски свет, дека сè уште ги носи пораките од прочитаните и доживеаните приказни за деца и дека сега како порасната се обидува истите да ги пренесе и вдоми во светот на возрасните. Всушност најголемиот број асоцијации врзани со приказните за деца се оние во кои се препознава една т.н. поетика на невино прогонета хероина која пред сè се наоѓа во најнепосредна релација со женската иницијација. Имено, невиното прогонство на хероината претставува пат кон нејзиното успешно созревање, кој, пак, е неопходно да се измине како предуслов за да биде успешно реализиран преодот од детство во зрело женско доба. Токму тоа се случува и со Сара Левски. Секако, надвор од самите наслови, низ целиот текст остануваат уште многу други поигрувања и алузии врзани со јунаците од литературата наменета за деца, како онаа кога Сара Левски ќе ја окарактеризира својата газдарица како госпоѓа која според својата начитаност звучеше како во својот живот да ја има прочитано само „Зоки Поки“: лектира за деца која претставуваше поим за единствена прочитана книга за секој кој се запишал во училиште колку да се увери самиот и своите најблиски дека ја научил азбуката!. Или кога вели: Излегов на балконот да вдишам од маалскиот воздух, да ги видам уличните авантури на Големите и Малите (мислејќи на оние големи и мали на Бошко Смаќоски).
Сепак, ова не е некакво посебно или специјално видување на светски познатите сказни или на популарните македонски приказни за деца.
Првенчето на Марија Лозаноска тргнува од сказните како инспиративен уметнички жанр, богат со вистини за животот и љубовта, исполнет со страста за/кон пишувањето. Да, да ... пишувањето, како и секоја друга уметност, е токму страст која потоа прераснува во еден свет со своја структура.
Приказната за Големото Л сместена во ова наше време на транзиција и трка со тоа време, покажува како уметникот (музичарот, композиторот, писателот, текстописецот, актерот, пеачот, режисерот) во споредба со политичарот и бизнисменот кои се во првиот ред на општественото живеење, сè уште не го напушта чувството на слобода. Политичарот и кога е минорен и неважен, за жал, е прва фигура. Првата позиција преку моќта на парите си ја обезбедува и бизнисменот. Но, се појавуваат и некои други естрадни ѕвезди кои стекнуваат или добиваат моќ преку ноќ и одеднаш стануваат поважни од секој уметник или голем режисер. Дилемата е дали како уметник ќе му се покориш на тој дух на времето, што е секако мизерно, или ќе се предадеш и ќе станеш „сив“ човек без своето јас, или, пак, она што го работиш ќе биде твојот најмоќен аргумент, без оглед дали и кога ќе успееш.
Вистинската инспирација за самиот наслов лежи во тајната од детството на Сара Ловровска која заради проблемот со изговорот на гласот „Л“ пред самогласките „А“,„О“ и „У“, го менува своето презиме во Левски. Можеби ако големата буква од моето презиме, признава некогашната Ловровска, беше која и да е буква од останатите триесет во азбуката или барем по првата, веќе постоечка, да следеше Е или И така што консонантот би ја добил својата мека варијанта, јас немаше ни да забележам дека имам проблем кој води до ординацијата на логопедот.
Дванаесетте делови од приказната обедината под насловот Големото Л говорат за тагата, осаменоста, но и за среќата на човекот во денешниот мошне отуѓен свет, но и за уметноста како одличен лек против „сивилото“! Дванаесетте етапи од приказната за Сара Левски асоцираат на познатата Цепенкова волшебна приказна Девојчето и дванаесетте месеци (Марко К. Цепенков. Македонски народни умотворби (книга трета). Скопје: Македонска книга, 1972) во која експлицитно се раскажува за помало девојче кое копнее по емоционално усогласување и одобрување од страна на родителската фигура (мајката), за разлика од оние приказни за Снежана, Пепелашка, или за заспаната убавица, позната и како Трнорушка, каде се среќаваме со иницијација која се врзува со подоцнежниот развој на пубертетот и затоа хероината е во потрага по брачниот другар.
Марија Лозаноска преку својата Сара Левски, девојчето кое ја губи среќата и безгрижноста оној момент кога пропаѓа и бизнисот на татко ѝ, но и бракот на нејзините родители, и девојката која копнее за својот принц на белиот коњ, успева во својата приказна да ги обедини двата момента:
Чудата од литературата за деца можат да функционираат само во главите на оние читатели за кои е наменета.
(...)
Бев убедена цел живот дека мојата штикличка е изгубена.
Вербата беше во тоа дека токму вистинскиот принц ми ја нашол.
Но, Големото Л не е сказна за деца. Големото Л е приказна која на животот сака да гледа како на сказна, иако приказната (сака да) зборува за познатата ѕвезда Сара Левски која не е поштедена од скандали, јавни озборувања, трачеви, забави со лажен гламур, која е загрозена од кражба на авторските права, од лоша реклама, банкрот на продукциската куќа (со што авторката Лозаноска пласира една тема која и не така присутна или дури слободно можеме да кажеме не е воопшто присутна во македонскиот роман и пошироко во македонската книжевна средина), но која и покрај горчините што ѝ ги носи животот сака да верува во митот за заспаната убавица, признавајќи:
Ни јас не бев далеку од клишето на секоја девојка каде таа го чека јавачот со кралско потекло и кој со методот „усни на усни“ ја буди во подобар живот. (...) Јас само го чекав мажот со кој ќе имам мирен сон.
Големото Л на Марија Лозаноска е за животот кој се чита како книга, кој се пишува како текст, кој се доживува како сцена или куклена претстава, за животот кој се живее како сон, за животот во кој стануваш зависен од среќа, во кој посакуваш моменти кога не се прави ништо, ама баш ништо, за животот кој е, едноставно, рамен на сказна!!!!
А што е животот без пеперутки во стомакот? Па нека е и онаа која од корицата на Вештица на Венко Андоновски слетува на твојот папок!
Весна Мојсова-Чепишевска,
професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, 2012
(рецензија која се наоѓа во романот Големото Л од Марија Лозаноска)