Насмевни се, грешките се за да научиме
Не знам кога последен пат се насмевнав. Може беше тоа на последната епизода од најновата серија што ја спуштив.
Значи, на туѓ живот.
На изглумена реплика.
Но, кога ли последен пат се насмевнав, онака, искрено, од срце. Од нечиј разговор на близок мој, од некоја несмасна моја или негова случка. Порано, како помала, само тоа го правев. Не дека толку многу се сопнувавме пред симпатиите и дека сега сум усовршена во чекорењето, туку тогаш смеата сама си наоѓаше приоритет во моето животче.
Сега кукам.
Се жалам.
Липам. Викам. Се дерам.
Пропаѓам. Се депримирам.
Се ужалостувам. Се каам. Се мачам.
Најмногу плачам...
... наместо да се смеам.
Наместо да речам: „Што не поминало, ќе помине и ова. Дај да се насмееме. Ќе потрошиме некоја калорија, ќе затегнеме некое мускулче. Ќе си го продолжиме животецот.“ Но, се бира ли тема за смеа? Јас во последно бирам. Не знам кој како ќе ми се налути, кој како ќе ме сфати. Си имам неколку луди како мене, што знам на какви глупости ќе ми прифатат партија смеа, но кој ги видел.... Сѐ некои нови лица. Бизнисмени. Се смеат со изглумена насмевка. Лицемерие од уво до уво. Е, не сакам таква насмевка! Можеби ќе се насмевнат поради почит, но во себе ми посакуваат најлошо. Демек, каде ли ѝ текна, што ли виц ќе беше ова. Понекогаш ми доаѓа патешествијата мои да си ги кажам како шега, ќе се изнасмеат луѓето.
Но, за жал, ќе се изнасмеат од задоволство, не преку поентата на вицот.
Можеби сум возрасна. Можеби тие околу мене се возрасни. Тие зад мојата маса се луѓе во години. Не ме личи да се смеам. Да не ги вознемирувам. А, да се карам - ќе се ситат. Да плачам - ќе им биде мило, ќе го сметаат како успех во својот живот, иако апсолутно ништо не им менува дали јас ја завршив денешната задача или не.
Си ја запоставив смеата. Ги запоставувам оние кои ми ја предизвикуваат таа смеа. Оние кои ми дозволувааат да се однесувам како несмасно дете. Кои ќе ми ја сфатат мојата несовршена шега. Со кои ќе се досмееме и ќе ја надополниме онаа што ја смисливме вчера. Дозволуваме користа, работата, фалбата да ни ја одземат смеата. Затоа што на крајот од краиштата, не ја бараме онаа мала задоволна насмевка поради успехот од нашата кариера.
Животот ни се продолжува со онаа заразната, кога стомакот те боли.
Кога велиш: „Доста, не можам да дишам повеќе!“
Можеш да се насмевнеш и кога душата те боли, сѐ ќе помине.
Само со грешките ќе научиме како помалку да грешиме.
Па, ќе ги побараме оние кои ни значат и им значиме.
И, ќе се насмееме.
Најгласно.
Марија Лозаноска
10.1.2014, петок
Светски ден на смеата