Заедно без причина
Тој сакаше зима.
ТАА на пролет процветуваше, беше своја, вљубена, сакана.
Тој мразеше врски.
ТАА ја обожаваше љубовта, ја ценеше довербата, почитта, разбирањето.
Тој остануваше до доцна.
ТАА му се радуваше на раното утро, на новиот ден, на новите шанси.
Тој не се смееше, а ТАА заоѓаше.
Тој не зборуваше.
ТАА уста не затвораше, сѐ кажуваше, в себе не оставаше.
Тој мразеше гужва.
ТАА само да е низ луѓе: битни, небитни, паметни, здодевни, стари, деца...
Тој не пиеше кафе.
ТАА го сакаше во секаков вкус, и горко, и црно. Ладно, вкусно.
Тој не ја слушаше кога пееше.
ТАА живееше за музиката. Беше сама за себе поп-ѕвезда. Светска дива.
Не ја сакаше.
Не го сакаше.
Не ја сакаше.
Не го сакаше.
Не ја сакаше .... ни ТАА него.
Не беа исти во ништо.
Немаа никаква причина да бидат заедно...
Да, не се сакаа, ни таа него ни тој неа - на ист начин.
Се сакаа своеглаво.
Тивко.
Се љубеа далеку.
Од сите.
Се бакнуваа ретко.
А, страсно.
Се мразеа. Од сакањето.
Се караа. Па, се миреа.
Се пцуеја, па се довикуваа.
Му удираше шлаканици. Ја бакнуваше.
Се чуваа. Остануваа.
Заедно, до доцна, од рано, попладне, приквечер.
Заедно се забораваа.
Забораваа на различните карактери, гледишта, класи, богатства, потекла, врски, статуси, вери, раси, националности, припадности, образованија, дипломи, висини, години, тежини...
Да, не беа еден за друг.
Не одговараа.
Ни за општеството, ни за себе.
Не се вклопуваа во иднината.
Ни во сегашноста.
Тие можеби градеа само заедничко минато.
Беа заедно без причина.
Но, се сакаа.
И никогаш на ист начин како другиот.
А, љубовта не е причина.
Таа е живот.
Марија Лозаноска
25.1.2014, сабота