Исплашени од туѓите успеси
Љубомора и завидливост не се зборовите што ги бараме.
Да не бидеме плитки и ајде да си помогнеме.
Страв од неуспех, страв од успех, страв од осуда, страв од натпревар, страв од излегување од конфорната зона, страв од промени.
И на крај фрустрација.
Многу работи се кријат зад привидната љубомора и завидливост.
Пред се' се крие човек со чувства и желби.
Ајде да не осудуваме и да си помогнеме.
Што е човек без желби? Само едно големо ништо. Без желба немаш мотивација, не знаеш што сакаш во животот, луташ наоколу прашувајќи се зошто постоиш. А, желбата, колку и да е малечка, ќе ти покаже некоја светлинка по патот. Ќе се потсопнеш, ќе паднеш, ама пак ќе одиш по зраците. Тоа е моќта на желбата.
Има многу луѓе со многу желби. Најприродната работа на светот. Детето не знае за правилата на светот, тоа не научило да посакува, тоа се родило така, тоа знае да фантазира без никој да му каже. Најверојатно, самата фантазија ја убива возрасниот човек што се вселува во нас. Но, ние со преживеаните желби во нас, се бориме со останатите работи кои одат заедно со желбата. На пример: луѓето кои ги исполниле нашите желби во нивниот живот. Го живеат нашиот сон, се радуваат на успесите што сме ги замислиле, а се нивни, добиваат пофалби, пари, удобност и сите работи во пакет со нашата желба.
Луѓе сме, ќе покажеме одредени ниски вибрации. Како љубомората и завидливоста. Но, не се тие нашиот проблем. Нашиот проблем сме само самите ние. Тие не ни се виновни што ние не успеавме. Тие не ни се виновни што имаме ниска самодоверба. Тие не се виновни што немаме храброст. Тие не се виновни што ние размислуваме што ќе речат другите. Тие не се виновни што со својата позитива си го берат плодот на успехот.
Само ние. Во тие моменти се жалиме, плачеме над нашата судбина, ги обвинуваме нив, блиските, општеството, државата и сите оние кои немаат врска со нашата личност. Ајде да се запрашаме: што презедовме последно за исполнување на нашата желба? Колкупати станавме кога доживеавме неуспеси? Колкупати денес се мотивиравме за да започнеме или да го продолжиме нашиот проект? Колку се потрудивме да бидеме луѓе кон луѓето и да ја заслужиме нивната доверба и љубов? Сметам дека го имаме одговорот на сите прашања.
Сакам да имам примери на луѓе кои успеале во моите желби на нивна кожа. И одлучувам тие луѓе да ме инспирираат и мотивираат. Сакам да ми кажат убав и охрабрувачки збор за нивниот успех. Не сакам да ми ја кажат формулата, туку сакам да ми кажат како ја собираат силата и мотивацијата кога доаѓаат тешките моменти. Сакам да ми кажат како се станува успешен човек, а формулата ќе си ја најдам само и единствено јас. Но, не сакам луѓе кои успеале и ме прават да се чувствувам потценето. Ја препознавам лошата енергија од таквитге. Не сакам во вашиот успех да заборавате дека сте човек и да глумите како ви е најдобро. Успехот бара цврст карактер и ќе ти се дивам повеќе кога ќе покажеш дека и покрај твојот пиедестал ти си само човек кој има кризни моменти. Така и мене ќе ми дадеш сила да го достигнам својот, па јас ќе ја пренесам мотивацијата и на останатите. Нема еден пиедестал - има онолку колку што има луѓе на светов. Тука не постои натпревар.
Да, исплашена сум од туѓите успеси.
Но, од оние изглумените затоа што не ми делуваат реално.
Сметам дека вистински успеаниот човек поминал низ сито и решето.
Поминал низ многу камчиња и потсопнувајќи се стигнал до врвот.
Не низ глума, секој ќе ја види.
Ајде да бидеме луѓе и да си помогнеме.
Ајде да го тргнеме стравот и да подадеме рака.
Во ред е да бидеме преплашени од желбите.
Големите врвови се страшни, но глетката е прекрасна.
Ајде да си помогнеме додека сите заедно се плашиме.
Марија Лозаноска
27.5.2019, понеделник