Оскаровци
„Им благодарам на сите што веруваа и што не веруваа во мене, што ме креваа и што ме спуштаа, но најмногу на оние кои поверуваа во мојата глума.“
Така сјае Холивуд. Така сјаат Оскарите, така Оскаровците. Само глумата за’рѓува. Онаа, од секојдневните глумци. Тие блескаат, мислат дека навистина ја добиле најпрестижната филмска статуетка, а трулото им се закотвува на излажаните. Некои од нив ’рѓата и на срце си ја ставаат, па после боли. Е, боли!
Една моја пријателка си имаше своја пријателка која обожуваше да лаже. Во нејзините монолози пред нас таа беше Кралицата на Англија, а дома, пред огледало, си ја подигаше сама Титулата на Глумците. Според неа, нејзината нова јакна е уникатна и секогаш последна, не можеш да купиш иста . Сите момци само нејзе ја сакаат и таа е дежурна цел на секој градски додворувач. Личната фризерка не видела поблескава коса. Таа е позната во цел град, а на Фејсбук - и пошироко. Да, таа ја има животната сторија на секој глумец.
Но, мене животот не ми се смени поради тоа.
Тешко ми е да кажам за оние лаги кои ми го променија. Поради кои топев туѓо рамо.
Не сум најубава од сите, а лажеше дека не видел нешто побоженствено.
Барем на другите девојки поинаква реплика да им кажеше.
Го чекав цела вечер да ми објасни зошто не ми се јави.
Ми образложи со лага.
Вети за навек, а тој само лажел дека ги знае временските периоди.
Си замина со брзината на светлината.
Му го доделив најскапоцениот Оскар - моето срце. Тоа најмногу сакаше да верува во неговите перформанси. Беше како стар видеорекордер кое ги снимаше најубавите епизоди од неговата серија. Често му ги пушташе на мојот ум да ги гледа. Нему му беше глупаво пак да гледа стар и веќе виден филм.
А, јас, често знаев да му доделам Оскар повторно.
Тогаш посакував да има само глумци како пријателката на мојата пријателка. Малку удираше на нерви, но барем никој не беше повреден од нејзините фалби. Всушност, никој не ни сакаше да има јакна како нејзината, и онака немаше добар вкус.
„Ти благодарам што ме натера да ти верувам и тогаш кога не требаше, што ме креваше високо, па сурово ме спушташе, но најмногу што ме научи како да препознам добра глума.“
Ветувам, вака ќе звучи следното мое доделување на Оскар.
Се надевам ќе му припадне нему, не мене.
Не сакам да сум од тие Оскаровци кои се лажат само себе.
Марија Лозаноска
30.9.2013, понеделник