Среќна Нова, чао стара
Сите вие што сметате дека вреди да се спомне старата година - спомнете ја! Направете резиме, извлечете поуки, потсетете се зошто во неа сте биле подобар човек, прославете ја и испратете ја! Но, и вие, разочараните. Извлечете лекција, извлечете предавање, испит, тест, писмена работа со ниска оценка, полна со грешки и исплакани солзи над неа, пречкртани реченици со црвено пенкало од наставникот наречен Живот. Научете го она што не сте го прочитале, слушнале или виделе претходните години, но сте го сретнале во старата. Бидејќи оваа ќе биде среќна Нова, оваа ќе биде благодатна и богата Нова!
Зошто?
Колку грешки минатата - толку успеси во Новата!
Радувајте и’ се.
Мене не ми беше воопшто лесна. Може да се види по текстовите, може да се види по емоциите, може да се види по насловите. Се празнев врз тастатура и интернет надевајќи се дека некому ќе укажам дека е во ред да си тажен, но никогаш не помислив дека сите ќе ме сфатат! Да, сите! И оние што не лајкувале, и оние што ме одминале, и оние што не ме прифатиле и не ме признале. И тие длабоко во себе знаат дека некогаш се нашле во таква ситуација, знаат дека барем некој мој збор е во право. Знам дека и јас често не сум во право, но сум барем секогаш искрена. Сум била, сум и ќе бидам. Можеби и затоа постанав Писателка. Можеби затоа си ги гледам насекаде моите статуси, текстови, извадоци копирани на сите страни. Споделувани слики, споделувани мисли, споделувани таги и среќи. Дали се лутам? Дали не сакам тоа да се прави? Читатели, тоа ми е поентата! Сакам да се шири она што го давам од срце, сакам да помине мојата добронамерност, сакам некој да го прифати или одбие моето мислење. Секое ми е драго, бидејќи на некој начин стигнало. Ако некој е повреден, навреден или разочаран од мене - со тоа сум направила само да се бори и да се спротивстави од такви лица како тоа некое мое лице. Не сум дволична, јас сум сеприфатна. Се ставам на сечие место - сочувстувам на туѓи таги и премногу се радувам на вашите успеси, најдраги мои! Ако вие сте успеале, успеало човештвото! Ако си успеал ти што ме читаш, знај дека јас ќе бидам покрај тебе. Сум те поддржала некогаш, сум ти испразнила тежини од срце, сум ти помогнала барем нешто позитивно или барем налутено да преземеш за да го направиш! Да се мотивираш и издигнеш.
Така и оваа Нова година, драг мој читателу.
Ќе бидам тука и ќе споделувам, дали било прифатено или не.
Себеси си посакувам втора книга оваа година, бидејќи јас сум повеќе писател отколку блогер, тоа сум јас, а тебе ти посакувам тоа што го имаш на срце да го имаш и гледаш пред лице.
Сакам да кажеш збогум, пријатно, догледање и со здравје на старата година, посебно на лошото, но и да не се приврзуваш на убавото, туку да градиш ново, за в година да имаш повторно спомени.
Затоа, најмили, осветлете си го сами животот како снегот зимата, разубавете си го денот како со насмевката од бебето, научете да се борите за себе и најблиските без да потклекнете оваа година.
Заборавете ја старата со старите навики и од денес започнете ја со нови. Ви посакувам здравје, љубов, пари, почит, унапредувања, вработување, дипломирање, оздравување, ќердосување, опростување, заблагодарување...
Бериќетна Нова година, подобра нека е!
Од срце,
Марија Лозаноска
1.1.2015, четврток