Не сакам ваков живот со тебе
Надвор има толку убав свет. Луѓето се среќни, знаеш. Можам и јас да бидам таква. Дозволи ми! Дали ваков живот ќе имаме, дали вечно ќе си го кинам срцево за тебе? Не сакам, не сакам...
Ми вети ридја и долини - сѐ уште ги чекам. Ми вети живот без солзи - сѐ уште ги бришам. А, ти како некој горделив принц со изгубено богатство, си ја дигнал главата и ми кажуваш како иднината ќе ни биде светла. Така кажуваше лани, така и вчера, така од првиот ден. Јас само гледам низ прозорец и си цртам град од љубов и разбирање, чекам ладен воздух за да можам да си го нацртам на стаклото. Ти ми црташ во главата само сништа кои никогаш не ги изгради.
Не е животот таков, драги. Не се натрупуваат проблеми во чисто срце и ведра душа. Пушти ме да ѕирнам внатре во тебе и да видам што те мачи, доволи ми да те насмеам, не да ти ги решам проблемите. Не дозволувај да мислам дека јас сум твојот проблем. Не сум ниту решението, не сум ниту изворот. Дозволи да ти бидам само благоста на животот. Така ми рече еднаш, дека ти внесувам радост во денот, не знам кога постанав мракот. Често не сакаш да ме погледнеш, како да бегаш од мене и како да не сакаш да имаш уште една потешкотија. Како да ти е тешко да бидеш со мене. Зошто? Дали ваков ќе ми биде животот со тебе? Не сакам.
Не успеав да те насмеам денес, а толку тоа ми треба. Некогаш велеше дека животот треба да е позитивен и весел, но се повеќе ми делува како тоа да го кажал некој друг некогаш и некаде, а не ти. Не сакам да се претвориш во човек со железен оклоп и да не можам никогаш повеќе да допрам до тебе, не сакам да се отуѓиме, не. Ние бевме свои, можеме повторно! Не си таков човек, а јас не сакам ваков живот со тебе. Знам дека ни ти не сакаш. Кога постана овој што стои пред мене? Кога реши јас да не бидам светлината на твојот ден? Кажи ми - кога ја снема твојата љубов кон мене?
Најмил, надвор има толку убав свет. Луѓето се среќни, сакам и ние да бидеме такви. Немој да имаме ваков живот, не заслужуваме. Ни јас ни ти.
Не ми требаат тие ридја и планини.
Мојата височинка си ти.
Солзите можам да си ги избришам и сама.
Само, те молам, не повикувај уште една да ми падне.
Не сакам ваков живот со тебе.
Марија Лозаноска
10.3.2015, вторник