Студен студент во студентски
Кој што сака нека рече, ама студентскиот живот направи човек од мене.
Академски граѓанин.
Научив како се оставаат коски по факултетските ходници. Како да го соберам цел мој имот во едно торбиче и да го носам на грб, да се пакувам и препакувам. Која џунгла, осмели се да преживееш студентски живот овде!
Осмели се да се избориш со цимерот.
Да си го дочуваш ајварчето.
Да не ти легне некој на креветот и да си заспие.
Да бидеш буден цела ноќ пред испит затоа што цимерот има журка, картаница, шеш-беш или само собиранка за домашна жолта. Фатил девојка. Тој од другата соба ѝ се додворува на цимерката со глупави финти. Само да не се спиело.
Тешко, лесно и весело на тие со музичарите. На свадба си 24/7. Башка, сите женски ги имаат. Најбогати во цел дом се, има да им го залепи цел џепарлак оној од другата соба. Дека му ја погодил песната што го потсетува на поранешната од Гоце. Онаа на спратот под диското.
Или само весело си е човечето, се меша, во секоја манџа изигрува мирудија.
Нѐ има и такви кои живеевме во стан. Демек ние не се дружиме. Како да не, секоја вечер и секое утро се дружевме со соседите! Посебно со оние бабичките и дедовците. Или со лудите луѓе. Не, не разговаравме за политика, туку си имавме фини и сочни расправии за секојдневието. Добро, како може токму во недела и сабота рано наутро, кога ни петлите не се ни разбудени, камо ли расонети, да приклучат правосмукалка, да бушат, да реновираат, малото да гледа тому тогаш чили-вили песни и да ги дере, наместо пее, на цел глас? Ох да, и најтешката запршка беше тогаш. Типот од соседниот стан четири години не научи една иста мелодија, ја вежбаше со неизмиено лице, од мугрите. Барем подоцна да ме мачеше со никако непогодените ноти...
Ама кога ќе се соберевме ние станарите и студентарите во станот, па кога ќе направевме еден ручек обилен еднаш во два месеца, има миризбата да им ја вратиме за секое запржено утро, да се дерeме на најиритирачката турбо-фолк песна и да им ги распараме ушите за секоја бучава од правосмукалката. Па, ќе заѕвони ѕвончето, ние спремни да се караме, да се јачиме, и оп - новите студенти од третиот спрат, се нудат за друштво. Ма, може! Сѐ додека имаш индекс, луда душа или си избегал едноставно во големиот град - добредојден си.
Само да не си лудата баба од над нас.
Немавме некоја голема разлика станарите и студентарите - сите си бевме студени студенти. Од факсот нѐ заледија, чувство не остана во нас. Златно шестче, да ни е здраво и живо, само преку него покажувавме знаци на живот. Ех, далеку од тоа дека не можевме да добиеме повисока оценка, си имаше бубалици, интелектуалци, талентирани и секакви ендемски видови меѓу нас, ама пуста желба за скитање и глупирање не ни оставаше сила ни да станеме за на предавање ни да го почнеме маратонското учење.
Битно си славевме! И на сред сесија. Сѐ ни беше повод: цимерот ја зел пратката составена од ајвар, домашни кифли, сарма и расол од славата, фатил спортска, оној од третата барака конечно собрал храброст да ја покани на романтика под свеќа новата бруцошка, некој раскинал со девојката, собрал потписи, најретки беа поводите за положување на испит... Ама, весело си беше, сите постануваа луди човечиња со тек на време.
Некому недостигаат студентките денови. Некој допрва ќе ги доживее, некој токму во моментов чита нова статија од некоја писателка во интернет-кафето во студентскиот дом.
Убаво е да се доживеат и преживеат.
На факултет учевме како да успееме во идната професија.
Студентскиот живот ни покажуваше како да се снајдеме во ужасното секојдневие.
Често слушаме дека ако го положам овој испит, ако ја преживеам сесијава или ако дипломирам, има да го честам цел студентски и цела зграда до него.
Но, тешкото и студено време е токму по студентското, допрва доаѓа.
Барем си собрал вистински пријатели и работи вредни за паметење.
Си собрал спомени што ќе те затоплуваат.
Куп спомени од студената соба во студентскиот.
Марија Лозаноска
20.11.2013, среда