А, само требаше повеќе да се љубам
Во постојано прашање дали им угодивме на другите.
Дали им го дадовме вистинскиот подарок.
Вистинскиот збор.
Вистинската утеха во немилиот час.
Во постојани прашања кои упатуваат само кон другите.
Колку биле сакани од нас, колку биле опсипувани со внимание пак од нас.
А, ние?
Дали кон нас се враќа тој круг?
Дека ако се грижам за другите постојатно, и тие ќе се грижат за нас во иста мера?
А, требаше само едно - повеќе да се љубам и внимавам на себеси.
Пробував да научам да се љубам себеси. Но, не знаев како. Бев зафатена угодувајќи им на другите. Им постилав тепих од нежност, љубов, поддршка немислејќи дека тој служи за газење. Бев понизна додека ги поднаместував чувствата за да одговараат со нивните. А, најчесто нивните ги немаше толку колку моите. Мислев сите се подаваат, мислев сите исто вака како мене се резервираат. Не бев свесна дека им ја дујам самодовербата додека си ја празнам мојата. Ним им ги продавав емоциите, од мене си ја продавав душата.
Но, веќе заборавив кому, веќе заборавив зошто.
Навистина - зошто?
Што добивав од сето тоа? Гледам, никој не шета со медали. Шетаат со кренати или спуштени глави. Со насмевки или прикриени солзи врз лицата. Со пеперутки или камења во себе. На едните им е убаво на другите тешко. Јас бев од тие вторите. Бидејќи се трошев наместо да си се наполнам со тоа убавото. Го чекав од другите и тоа беше мојата најголема грешка. Не се должни другите да ми се насмевнат ако јас тоа не го направам. Не се должни да ме насмеат ако јас прва не ја почнам шегата. Не се должни да ме расположуваат ако јас не им покажам или дозволам.
Сето тоа се криело само во мене.
Јас требаше да си дозволам љубов.
Пеперутки.
Насмевки.
Смеа.
Пријателство.
Само јас.
Да го почнам јас кругот, да ја почнам јас смеата, да ги пуштам јас пеперутките, да си дозволам јас да ми биде убаво.
А, требаше да направам само едно нешто.
Требаше само да се љубам повеќе.
Марија Лозаноска
8.9.2017, петок