Не зборувај во множина
Не биди од таквите што зборуваат во множина.
Од оние со заеднички профил.
Не ме ставај в уста кога зборуваш за другите.
Ние не сме стадо овци, јас не го користам туѓиот мозок.
Мразам споредби, мразам генерализирање.
Не ме љуби за да бидеш двајца.
Секој сме си доволни сами на себе.
Оти луѓето си одат, секогаш остануваме еднина.
Сакале или не.
Подготви се за мене.
Јас сум една, не ме ставај во множина.
Душо, знаеш, не сакам да се скротам. Не сум за тоа. Не сакам да седиме сабота навечер и да гледаме филм, не сакам фин живот без возбуда. Да се земеме, родиме деца, јас да ги чувам, ти да одиш на работа до четири. Не сум тоа јас. Викај ме чудна, луда, кажи за мене некое погрдно име, но таква сум. Низ годините пробав да си глумам сама пред себе, но ете не успеав. Не сум дојдена изгледа на овој свет да бидам обична. Јас имам мисија тука. Можеби сум онаа алка на животот во шарена боја. Се истакнувам од толпата и нудам нешто несекојдневно. Не ми го скратувај таквото нешто. Не ме скротувај, ќе ме изгубиш. Не ти се заканувам, ти објаснувам. Одлучи - одбери број. Еднина или множина. Ако го одбереш второто, пак ќе се вратиш на првото.
Тешко ми било низ годините кога не можеле да ме сфатат. Тешко дојдов до ова размислување што го имам денес. Сега се радувам бидејќи се сметам за еднина. Дури и во мнозинство јас сум една. Различна сум кога се смеам, различна сум кога се лутам, различна сум кога ќе си заминам прва и кога ќе си заминам последна. Единствена сум во мојата убавина и грдотија. Има свои и единствени моменти на тага и оплакување. Имам причини зошто сум среќна. Имам повод зошто сум таму. Имам мислење зошто не сакам или сакам. Сето тоа е еднина бидејќи мисли само една. Ниту цел град ниту цело друштво ниту цел еден народ ниту цел еден пол.
Најдраги, немој повеќе да нѐ ставаш во множина кога не сме разговарале за проблемот. Немој да ми продаваш ум кога ќе речеш дека не ни оди. Тебе не ти оди! Мене не ми оди! Точно знаеш пред кој проблем потклекна и си замина, немој да кажуваш дека се разделивме кога ти сам си одлучи. Ниту ми кажа, ниту се договоривме. Ти сам. Потоа и јас сама. Секој си одговара за своите постапки. Батали заемната љубов, секогаш едниот повеќе сака. Дури ни тогаш не сме множина. Обвини ме, но не верувам во апстрактното срце, дека две стануваат едно. Верувам само на своите чувства и размислувања. Ако не сум дозволила да те засакам, никогаш немаше ни да ме скршиш. Јас дозволив, не ти. Сѐ е еднина. Не ми зборувај во множина.
Нема да го сакам повеќе бројот два.
Ниту три, ниту четири.
Ниту бесконечноста.
Сите остануваме сами на крајот од денот.
Со своите размисли, мечти, стари љубови, в постела покрај далечни партнери.
Дури и во сонот сами се бориме со сопствените демони.
Сакај ме само заради мене, не поради множеството од општество.
Не ми зборувај во множина пред да ме наречеш единствена.
Марија Лозаноска,
17.1.2016, недела