Порасна твојата наивка
Не знам дали бев многу млада или само премногу заљубена. Велат дека поради љубовта се губи разумот, но јас изгубив сѐ со тебе.
И тешко беше да се вратам на себеси.
Да бидам повторно девојка за почит.
Која верува во себе.
Често знаев да слушнам: „Ќе си најдеш подобар.“ А, за мене ти тогаш беше најдобар. Со тебе се замислував во иднина. За тебе носев во моите мечти бело, ти раѓав деца, заедно собиравме пари за нивните факултети. Мислев дека луѓето не ги знаат причините зошто јас те сакав и зошто токму ти беше најдобриот.
Можеби дека ги немаа моиве очи.
Не знаев кој за народот претставува подобриот, оној кој ми одговара. За постарите мислев дека се старомодни и ограничени, а врсниците љубоморни и завидливи. Не бев лоша девојка, но поради тебе повеќе губев отколку што добивав. Повеќе се мразев, отколку да се сакам, повеќе беше нечиј отколку мој.
Дури сега сфаќам колку сум била наивна.
И срамно е пред луѓето, знам. Не беа потребни кавгите со другарките, нервозите пред родителите, солзите на перницата. Не ти бев потребна јас, а ти ми беше толку проклето многу. Се лажев како мало дете, дека доколку ме бакнеш ќе ми помине. Ме лажеше така и ти. А, децата треба да ги слушаат постарите, поискусните. Тие знаат да препознаат лош човек.
Но, што знаев јас. Бев млада и наивна.
Уште полошо: во тебе заљубена.
Не беа потребни години за да пораснам. Морав да го допрам дното за да разберам. Од дното дури и земјата изгледаше како рај. Мораше луѓето со прст да ме покажат за и јас да се видам каква сум станала. Да ме понижуваш пред твоите, заменуваш со ништожните, удираш по болките - до таму требаше да оди твојата наивка.Потребно ми беше оддалечување, кршење на секаков контакт со тебе. Закрепнав. Не знам дали те отсакав. Не дозволував да ми се доближиш за да го видам тоа.
За да нема нови шанси за стари чувства.
Да, душо, гледај каква е сега твојата наивка.
Повеќе не сум дете.
Сега ќе размислувам без искрено да сакам.
Пораснав.
Марија Лозаноска
1.3.2014, сабота