Зошто толку драма?
Сакам драма.
Луѓето ме критикуваат.
Без да знаат зошто драмам.
Без да знаат што е драма.
Без да знаат кој лик сум, од што сум се спасила, што сум постигнала.
Без да знаат дека можеби животот ми е едноличен.
Без внимание.
Без љубов.
Без другото срце.
Ми треба драма.
Ми треба.
Низ годините научив дека многумина не знаат да живеат. Не знаат да сакаат, не умеат да покажат. Си го стиснале срцето чиниш забрането е да се дава. Љубоморно си ги чуваат чувствата како така да треба. Кого сакате, кој ве сака? Дали патите, што сте научиле од патењето? Што сте научиле од сакањето? Гледам дека ништо. Си живеете во мирното море наречено навика без да се потрудите да внесете вистински живот во вашиот.
Тој се случува секојдневно.
И е многу различен од она што го нарекувате сигурност.
Затоа мислите дека драмиме.
Затоа ни е потребна драмата.
Не сакам мирна љубов. Не сакам пристојна љубов. Сакам да ми кажеш дека ме сакаш. Сакам да ми кажеш дека ме мразиш. Имам чувства во себе, огромни. Што да им правам ако не ми ги земаш? Каде да ги насочам? Каде да ги заклучам идеите за љубење? Со драмата се задоволувам. Затоа што кога ќе се искараме гледам каде застанала страста. Да се љубевме како што се каравме, немаше да има расправии. Мислиш дека те провоцирам. Да, добро мислиш. Сакам да се испорвоцираш. Сакам да ми покажеш каде ти заглавиле чувствата. Сакам да се налутиш кога веќе не знаеш како да ме љубиш. Кога не ти го слушам срцето како ти бие кога сум до тебе, сакам да ти го слушнам викањето за да те слушне моево, дека можеби не ти е сеедно што не се љубиме како што треба.
А, како треба да се љуби?
Дали сме разговарале?
Дали сме покажале?
Или само гледаме кај другите.
По филмовите, по книгите, по другарите, по семејството, по комшиите.
Ние не сме тие, љубовта не е нашата.
Немаше да драмам ако ме оставеше да љубам.
Немаше да викам ако ми доаѓаше за да те бакнувам.
Немаше да се карам ако ме смиреше додека те прегрнувам.
Со драмата се чувствувам жива, се чувствувам како страста на љубовта да ме гушка.
А, грижи се кога драмата ќе си замине.
Бидејќи тогаш ќе ми стане сеедно.
Кога ќе престанам да драмам тогаш сум престанала да љубам.
Марија Лозаноска,
25.6.2017, недела