Не мора да им се допаднеш на сите
Имам многу маани. Некои не ги забележуваат. Јас да. Ги мразам, ги сокривам, пробувам да ги отстранам. Некогаш јас победувам, некогаш тие. Некогаш луѓето ме гледаат во нив, некогаш само јас. Најчесто само јас. Но, има некои маани кои јас не ги гледам. Тие, драги мои, се измислени од луѓето. Не знам зошто се мачат воопшто. Нека се послужат со оние кои навистина ги имам. Нека не ме прават совршена со нивни измислени маани. Си имам вистински.
И само мои.
Си велам често: „Никогаш не моли, не објаснувај и не се правдај никому. Тој што не го поминал твоето никогаш нема да те сфати.“ Но, пуста слабост човечка, не можеш, а да не објасниш и да се оправдаш зошто си таков. Да објасниш зошто си премногу слаб и дека не дај Боже си болен. Зошто си се’ подебел и зошто токму тебе ти се лепат килограмите. Но, мене ми се лепат и момците, ми се лепат и убавите луѓе, ми се лепат успесите, лајковите, пофалбите. Дали да се правдам и за тоа? Ох, не. Луѓето тоа често не ги интересира. Луѓето само сакаат да те гледаат понижен со мал милион маки и маани. Да гледаат како се бориш во животот, како не ти тече мед и млеко. На луѓето не им се погодува ништо, душо моја.
А, дали знаеш зошто?
Од многу прости причини:
Кога на луѓето им се плашиш, си чувствуваат надмоќ.
Кога луѓето ги игнорираш, нешто не чиниш.
Кога луѓето ги сакаш, те злоупотребуваат.
Кога на луѓето им помагаш - забораваат.
Кога на луѓето сакаш да им вратиш, ти си злобен.
Кога на луѓето им молчиш за се’ - не си способен.
Кога на луѓето им говориш што ти згрешиле - си одвратен.
Кога за луѓето не преземаш ништо, ти не се грижиш.
Кога на луѓето си им човек, тие веднаш престануваат да бидат луѓе.
Да, душо, не се прости откако ги набројавме, бидејќи луѓето се прости само кога треба нешто просто да направат, а кога треба да искомплицираат се совршено препаметни.
А, луѓето треба да ги пуштиш. Зошто ги држиш до себе кога сакаат да си одат? Тие сакаат само да бидат со оние кои се исти како нив. Бидејќи и тие што за нас не се добри, си имаат сродна душа, на нив слична. А, велат дека сродните души се бараат. Дека и покрај пречки, лоши луѓе и несреќи ќе се најдат. Ќе се сретнат во лош ден, намуртени, непрепознавајќи се. Можеби ќе се скараат, нема да проговорат, ќе се налутат. Но, ќе се најдат. Дури и тогаш кога трчаат по погрешните.
Таквите ќе си се допаднат.
Дали сакаш да бидеш нивна сродна душа? Дали сакаш да ја пропуштиш својата вистинска? Онаа на која ќе и се допаѓаш дури и кога си најлошата личност на светот, кога правиш сцени, циркузи и секакви драмски глупости. Оние сродни души кои ќе те почекаат да се смириш и да бидеш оној што си. Да, душо, имаме повеќе сродни души. Сите ја бараме во партнерот, а не погледнуваме во пријателите. Оние кои ќе те сфатат и во паметта и во лудоста и во маката и во радоста.
И мора да сфатиме дека сите сме различни. Но, многу од нас делат слични работи: сите сме биле оставени многупати. Сме биле понижени, засрамени, најдолни. Сме давале многу, сме добивале ништо.
Но, сме преживеале.
Денешниот ден е доказ дека битката продолжува.
Различноста е доказ дека не мора на сите да им се допаднеме.
Доволно е себеси.
Барем за почеток.
Марија Лозаноска
28.6.2014, сабота