Слушни ме, ти пеам
Ако планините одекнуваат, ќе се качам највисоко,
ќе се поткачам на прсти, над себе, на брдо,
некаде планинско, некаде вртоглаво.
Низ ноти и пијана,
тромбони и виолини,
низ жици и сопрани
ќе ти пеам сонати.
За да ме најдеш, за да ме видиш,
слушни, гласот ми се шири!
Отсекогаш сакав да ти пеам,
нит да те усреќувам, нит да те смеам.
Оти песната не знае за лошо и зло,
песната не знае дал живот има дно.
Неа ќе ја слушнеш низ војни и гробој,
низ борби за превласт, низ тирански двобој.
Му пеат кога си оди, кога до рајот броди,
не знае дали мајка жали, не знае за луѓето мали.
Им свират со труби на кралеви и слуги,
им се дало дар од Бога,
ако не сега, кога?
Слушни ме барем сега дур ти пеам,
не ми е судена таа слава, гледам!
Чуј и криј кога немам ноти,
речи утрински одмор ќе ме скроти.
Слушни ме оти живот кријам,
живот да е музика - нема да спијам.
Песната мене ме сака,
може да пеам, може ли вака?
Ако планините одекнуваат, ќе напишам стих,
читај го довека да не е тих.
Високо, вртоглаво – бар низ книга ќе пеам,
музика несудена не сакам да живеам.
ќе се поткачам на прсти, над себе, на брдо,
некаде планинско, некаде вртоглаво.
Низ ноти и пијана,
тромбони и виолини,
низ жици и сопрани
ќе ти пеам сонати.
За да ме најдеш, за да ме видиш,
слушни, гласот ми се шири!
Отсекогаш сакав да ти пеам,
нит да те усреќувам, нит да те смеам.
Оти песната не знае за лошо и зло,
песната не знае дал живот има дно.
Неа ќе ја слушнеш низ војни и гробој,
низ борби за превласт, низ тирански двобој.
Му пеат кога си оди, кога до рајот броди,
не знае дали мајка жали, не знае за луѓето мали.
Им свират со труби на кралеви и слуги,
им се дало дар од Бога,
ако не сега, кога?
Слушни ме барем сега дур ти пеам,
не ми е судена таа слава, гледам!
Чуј и криј кога немам ноти,
речи утрински одмор ќе ме скроти.
Слушни ме оти живот кријам,
живот да е музика - нема да спијам.
Песната мене ме сака,
може да пеам, може ли вака?
Ако планините одекнуваат, ќе напишам стих,
читај го довека да не е тих.
Високо, вртоглаво – бар низ книга ќе пеам,
музика несудена не сакам да живеам.
Марија Лозаноска
18.12.2014, четврток
18.12.2014, четврток