Секој дочек те чекам тебе
Кажи ми, зошто оваа Нова година ќе биде поинаква? Дека сум собрала надеж во душава колку снегот на север? Сакав секој дочек да биде посреќен, но секој дочек е се’ понеповикан, понечеститан. Те чекам само со порака, со давање знак, барем со почовечка особина. Не ќе е исто ни сега. Сите ќе слават дочек, а јас уште ќе те чекам тебе. Ти си мојата нова и подобра година. Ти си мојата светкава Нова година. Јави, дојди, ќе те чекам. И оваа година, да.
Ќе погледнуваат сите во часовникот, а јас во телефонот. Напати во вратата. Иако ќе си можеби најдалеку, иако можеби нема ни да ме помислиш, иако нема ни да знаеш каде сум - јас пак ќе те чекам. И да имам некој друг, и ти друга - ќе те чекам. Ќе те чекам исто како низ годината, исто како секоја вечер. Ќе почекам да се сетиш дека јас ти требам, дека сказалките нема да се бакнат ако јас и ти не се бакнеме. Ќе почекам да ми поминат добрите спомени низ главата врз кои се насрнуваат причините зошто не сме заедно ни таа ноќ. Ќе почекам да си честитаат сите кои се сакаат меѓусебе верувајќи дека најдоброто останува за крајот. Дека ние сме тој добар и среќен крај во секоја приказна. Ќе почекам дури и да помине бајката наречена Нова година без да те дочекам повторно тебе, но знам дека ќе ја дочекам само реалноста каде лошите работи доаѓаат ненадејно без да сакаме, без да ги пуштиме. Не и оние што ги чекаме. Одам на дочек за годината што следи знаејќи дека ќе дојде, а всушност те чекам тебе кој знам дека нема да дојдеш.
Ни за Нова година, ни во ново време.
Ти беше тука само во старите добри времиња.
И ќе кренам чаша високо! Ќе честитам дека животот има можност да продолжи, има можност за нови почетоци, има можност за нови надежи. Ќе си честитам себеси дека преживеав толку време без оној што го чекав, дека сум била цврста со сета тешка болка во себе, сум ја износила. Ќе си честитам дека знам зошто не е за честитање, зошто не треба да си ставам празна веселба затоа што е Нова година. Ќе си честитам дека знам оти сите лица околу мене се само среќни поради празникот, поради веселбата, но утре пак ќе бидат натрпани со проблеми, несакање, омраза и личности кои допрва ќе ги чекаат. Ќе си честитам дека ќе бидам подобра личност во Новата. Ќе те чекам и тебе, но ќе знам дека еден ден, ќе ти затворам врата. Можеби ќе се преселам со чувствата, ќе сменам адреса на животов. Ќе си честитам бидејќи ќе те дочекам еден ден, една ноќ, или некое утро. Ќе те дочекам како еден странец кој нема да ми треба.
Тоа вреди да се чека.
Затоа овој дочек ќе те дочекам најсвечено.
Можеби ќе биде последниот што ќе те чекам.
Марија Лозаноска
29.12.2014, понеделник