Кукла
Ме сакаат од излогот,
се восхитуваат на блесокот од косата,
нема никој струк како мојот...
Играј,
чешлај,
шетај,
фали се:
пак ќе сум тука!
Остави ме,
заборави ме,
необлечи ме:
нема пак да кукам!
Викај ме Барби,
дај ми секакви дарби,
измисли ми живот,
копирај ми го стилот...
Не одам никаде!
Ако некој ме земе,
слободно земи ме и ти!
Ако од некој без душа,
за мене лошо слушаш:
оди кренато горе,
нема никој да нé раздели!
Крој ми кројка,
напрај невидена спојка,
облечи ме лудо,
разголи ме на студот!
Нема да писнам.
На крај - фрли ме!
Јас пак ќе бидам истата.
Потем пофали ми ја пластичната красотија
и посакај ја мојата празнотија...
се восхитуваат на блесокот од косата,
нема никој струк како мојот...
Играј,
чешлај,
шетај,
фали се:
пак ќе сум тука!
Остави ме,
заборави ме,
необлечи ме:
нема пак да кукам!
Викај ме Барби,
дај ми секакви дарби,
измисли ми живот,
копирај ми го стилот...
Не одам никаде!
Ако некој ме земе,
слободно земи ме и ти!
Ако од некој без душа,
за мене лошо слушаш:
оди кренато горе,
нема никој да нé раздели!
Крој ми кројка,
напрај невидена спојка,
облечи ме лудо,
разголи ме на студот!
Нема да писнам.
На крај - фрли ме!
Јас пак ќе бидам истата.
Потем пофали ми ја пластичната красотија
и посакај ја мојата празнотија...