Ти благодарам што те изгубив
Некогаш помислувам дека надвор времето станало поубаво.
Фала ти, навистина.
Да, тебе сум ти благодарна.
Ти што ми го замрачи сонцето, ти што ме затвори во кафезот, ти што не ми дозволи да си ја распеам душава.
Светот бил толку сончев.
Дали и порано сонцето вака добро грееше?
Навистина вака грееше?
Ох, Боже, навистина не знаев...
Поминав многу денови на болка. Почнав да се навикнувам на неа. Мислев таа ми е за добро утро, за добар ден и за добра ноќ. Се гушкавме со неа. Себично, самотно, со синџири оковани околу нас. Не дозволувавме никој да нè раздели. „Остави нè!“, ќе знаев да довикнам на тие што пробуваа да нè разделат со мојата болка. Односно, да ме разделат со тебе... Ти беше таа моја болка. Мислев тоа љубов е, мислев тоа почит е. Мислев ќе ни трае засекогаш, па се чипчев за тебе. Морав, мислев љубов е. Ти си тој, морам да се навикнам на твојот карактер, на твоето понижување, на твоето невнимание, на твоите амбиции без мене.
Секој ден го поминував низ тага. Не знаев што значи животот. Не можев ни да замислам дека тој може да биде поминат без тебе. Што ли ќе правев без тебе, се прашував. Кому ќе посакав убав ден, кому ќе наполнев его секојдневно... Не му бев благодарна на животот и затоа ни животот не ми беше благодарен мене. Знаеш ли колку шанси пропуштив поради тебе? Знаеш ли колку сончеви денови исплакав во четири ѕида? Знаеш ли дека сонцето не ме познаваше кога јас повторно излегов на виделина? Луѓето не ме знаеја. Ликот да, однесувањето не. Која е оваа заробеница, велеа. Твоја, со погледот им одговарав. Своја на себе - не, си потврдував.
Затоа денес сум им благодарна на зраците. На секој посебно. На секој зрак сум му благодарна што излегува од душите што добро ми мислат. Со твоето губење јас добив многу повеќе. Почнав повеќе да ги ценам оние што претходно не ги ценев, почнав да ги препознавам тие што не се како тебе, почнав да ги пуштам во животот оние кои никогаш не се осмелив да ги пуштам. Давав шанси на себеси, да се запознаам каква навистина сум.
Ти благодарам, човеку.
Ти благодарам ти што ми ја одзеде слободата.
Што ми ја одзеде љубовта.
Што ми го распарчи срцето.
Сега барем знам кој ќе ме состави.
Ти благодарам што ми покажа кој сака срцето да ми е цело.
Ти благодарам што ми покажа кој ќе ми ја врати љубовта.
Марија Лозаноска
16.2.2019, сабота