Пред тебе имав живот,
врати ми го
Ох, колку само уживав. Никого ништо не прашував.
Дали да излегувам, со кого да се дружам.
И сега никого не прашувам.
Бидејќи немам кого.
Ти не сакаш да слушнеш за мене, а јас сум врзана за тебе.
Само по тебе одам, само за тебе сакам да знам, ништо друго.
А, убав живот имав пред да ми се случиш.
Те молам, врати ми го.
Не знам зошто ми чуваш се’ што ми треба: срцето, животот, радоста, љубовта. Дали знаеш дека скршени работи не вредат за ништо? Што ќе ти се! Врати ми ги за некој друг да ми ги поправи. Тебе не ти требаат, бидејќи ти очигледно знаеш само да расипуваш, а не да го подобруваш веќе убавото, да го зачуваш вредното. Ти знаеш само да крадеш. Не, не ги украде нив, јас самоволно ти ги подарив. Но, откако сфатив дека не ти требаат, кога културно те замолувам да ми ги вратиш, ти тоа не го правиш. И со тоа слободно можам да те наречам крадец.
Крадец на животот мој.
Гледам дека тебе ништо не ти се менува по мене. Освен егото. Растеш како квасец. Пред народот велиш: „Еве, уште една расипав, ја имав, па ја оставив. Правам јас како што сакам. Сакам ја имам, сакам ја оставам.“ Но, убаво кажав - тоа е ништо. Сите знаеме кои се вредностите во животот: да зачуваш некој покрај себе, да сакаш и да те сака. да создадеш нешто слично на семејство, она во кое ќе се чувствуваш како дома, дека таму припаѓаш, некој ти чува место и те чека.
Тебе кој те чека? Сите што ги остави?
Да, среќо. Сите те чекаме, но да ни ги вратиш вредностите што ни ги зеде.
И ние имаме ред на луѓе кои чекаат на нас.
Но, за разлика од тебе, ние сите ќе ги примиме што заслужуваат.
Затоа, врати го она што си го зел.
За да почнам пак да живеам.
За да почнам пак да се чувствувам убава. Да немам една единствена причина поради која сум среќна и тажна - да те немам тебе, пречко моја. Да се почувствувам потребна, самоуверена, вредна за луѓето. И сега сум, но срцето цело време ми говори: „Дотерај се за него, излези за него, одбивај поради него, плачи само од него, живеј само ако сте заедно! “ Па, да го откорнам, ми доаѓа! Ми доаѓа да се разбудам од кошмарот на животецов или да го вратам времето назад.
Не може, така среќо?
Може нешто друго да се врати.
Може нешто друго, што тебе не ти треба.
Затоа те молам, врати ми го.
Марија Лозаноска
8.7.2014, вторник