Прости ми, срцето го заборавив кај неа
Не ме прашувај што ми е. Мене што ми е, тебе да не ти е.
А, и не ни знам кога почнав да се губам, да не сум јас.
Ти одамна ќе беше моја.
Но, како, мила? Како да те сакам без срце?
Проклето да е, кај неа ми остана!
Чудно ми беше што не ти ја давам љубовта што ја заслужуваш. Ти си најпрекрасната девојка што ја знам. Културна, воспитана, со високи цели во животот. Таков сличен сум и јас. Сакам љубов, без корист. Да се сака поради човекот, а не поради предметите, признанијата и славата што ја поседува. Толку сме слични, толку се разбираме. Ми угодуваш, ти угодувам... но не толку.
Да, поради срцето што го немам.
Што го оставив кај неа.
Ме мразиш ли? Ме проколнуваш ли поради тоа? Дали сум со моите постапки лошото момче пред тебе? Не, душо, јас сум добар, барем така ми викаа луѓето. Дека покрај неа сум бил предобар, таа била злобницата. Ме трошела, ме користела, ме влечела за нос, не ме сакала. А, јас пустиот јагненце. Кученце по нејзините стапки. Таа ќе рече „а“, јас - ДА. И да не требало, ќе го направев. И да не заслужувала, јас подавав.
Знам, мила, ова срцето го зборува, тоа сѐ уште ми е кај неа, сѐ уште гледа каква е таа.
Веројатно си изградило дом во неа. Или живее низ нејзините улици, уличарче е. Ништо чудно да не може да седи тоа во топло, покрај камин. Кај неа е празно, ладно, ни ветар не го поддувнува, ни барем сонце на кратко да го огрее. Го чувствувам, не му е добро таму. Сака да излезе, но не знае како. Таа не кажува. Молчи. Исто како што молчеше кога јас кажував колку ја сакам. Таа само ќе се направеше наудрена и ќе се свртеше на друга страна. Си продолжуваше со нејзиниот животец собирајќи срца кои никогаш нема да работат наместо нејзиното.
Не, мила, таа само го има моето срце, и жал ми е што не може да го употреби.
Тоа знае да сака многу.
Прости, мила, не ми е тука за да ти покажам како функционира.
И прости што пак зборувам за неа.
Но, тоа срцето ми говори.
Те молам, живеј за денот кога за тебе ќе чука.
Ти го заслужуваш!
Марија Лозаноска
9.6.2014, понеделник