Смири се, што ќе речат другите
Душевните состојби како депресија и анксиозност постоеле отсекогаш, само немале отсекогаш име.
Не се именувале, се избегнувале, се велело 'ништо не ти е', 'мрзлив/а си', 'смири се, што ќе речат комшиите'.
Не се ова модерни болести, туку сега знаеме како се викаат, брзо до нас стигнуваат лошите вести, лажните вредности и несоодветните споредби.
Најпрво треба разбирање. Не сме му во душата и мислите на другиот. Пред да се искоментира јавно, макар и в лице, треба прво да се размисли.
Да, јавните личности најмногу се на мета на навреди, линчувања и слично затоа што тие ни се пред сите нас и најчесто мислиме дека нашиот коментар нема да стигне до нив и дека нема да го прочитаат.
Ама го читаат.
И го слушаат.
И ги боли.
Ниту тие што не се занимаваат со јавна работа не се одминати од црните мисли на помодерното време. Сметам дека апсолутно секој ги има, но одредени се поподготвени.
Како да земеме превентива? Само со работа на себе и избегнување на лица покрај кои се чувствуваме лошо, невредно, уништено. Читање, слушање, барање помош.
Господ гледа.
Ќе ја прати помошта.
Само да си го исчистиме срцето од омразата за да не го храниме лошото.
Што ќе наводнуваш, тоа ќе расте.
Не им верувај на мислите.
Вредиш.
Марија Лозаноска