Кога ќе го најдеш мирот
Кога ќе го најдеш мирот, сите провокации ќе ги препознаваш.
Оние, за кои мислеше дека нешто должиш, за оние кои сметаше дека ти треба да исправаш криви Дрини.
Кога ќе го најдеш мирот, ќе ти биде јасно.
Јасно ќе мислиш.
Јасно ќе гледаш.
Јасно ќе слушаш.
Ќе ти биде јасно дека така изгледа мирот.
Кога ќе го пронајдеш мирот, ќе бидеш често сам.
Поради чистењето од сите енергии.
Од сите карми.
Од сите кажани зборови, погрешни дела, помислени мисли.
Ќе бидеш сам, не и осамен.
Оти, мирот ќе ти го донесе Тој, а Тој никогаш не те остава сам.
Ќе ти дава секогаш убави мисли.
Зелени долини.
Остварени сништа.
Здраво семејство, полна трпеза, насмеани деца, растрчани сватови, плачки заради дипломи и убави вести.
Во тивкиот период само одмори.
Оти те чека светот кој ќе дојде со тој мир.
Марија Лозаноска,
22.4.2023, сабота