Љубов во витрина
Живеевме удобен живот. Во топол дом. Со топло огниште. Нашиот свет не можеше секој да го види и секој да го допре. Ја немаше таа сила некој да ни го земе другиот. Бевме еден за друг. Го создававме тој свет ние и го разбиравме само ние. Можам да кажам дека љубов како нашата немаше никаде. Беше уникатна - нежна, посветена, љубезна. Не знаевме за кавга и разделба.
Слободно наречи ја „љубов во витрина“.
Таа никогаш не фаќаше прашина.
Никогаш не ја огреваше сонце.
Никогаш не се натпреваруваше.
Бидејќи не гледаше никого.
И никој не ја гледаше нејзе.
Беше нерасипана.
Помалку здодевна.
На почеток ја сакав таквата љубов. На почеток и таа ме сакаше мене. На почетокот и тој ме сакаше најмногу. Но, стаклото почна да не’ гуши, а дрвото да мириса на мувла од сите љубовни здивови. Вратата од витрината имаше траги од прсти, траги од моите прсти. Го допирав за да го почувствувам светот надвор, но се’ поматен ми стануваше. Не се гледаше добро без стаклото. Надвор си е надвор. Дури ни љубовта не може да дише ако не излезе на свеж воздух.
Витрината не’ задуши, љубовта без воздух почна да умира.
Почнавме да ја негуваме, како болен човек да ја лекуваме. Некогаш ќе ја подотворев витрината и ќе земев воздух за да и’ дадам нејзе. Помалку си доаѓаше на себе, но повторно остануваше без здив и повторно беше на работ од смртта. Тој не излегуваше од витрината, затоа не ни можеше да и’ вдахне живот. Немав сила да продолжам. Дишев за себе, дишев за неа, дишев за него. Сфатив дека само јас внесував живот во нашата витрина. Љубовта беше се склопчила во аголот, покриена под ќебето, мрзне и слабо дише. Не видела сонце, не видела воздух, не знае да живее.
Јасно беше дека само таа не’ држи заедно.
Ако умреше, ќе излезевме двајцата од витрината.
Но, никогаш немаше да бидеме заедно без неа.
Не можев повеќе да ја гледам таа слика. Не сакав да бидам сведок на таа смртна постела. Тој беше виновен за тој затвор, тој нека ја закопа или тој нека ја оживее. Останав без здив од толку што го делев со нив двајца. Ја отворив вратата и си заминав. Се изнадишав, но срцето не ми примаше воздух. Нему му недостигаа тие двајца премногу.
Не верував дека ќе го сретнам него. За љубовта бев сигурна дека умре. Знам дека тој не излегуваше од својата витрина, но не знам како преживуваше сам. Не ни сакав да помислам на него. Дадов колку што можев, го делев дури и здивот со нив, за тој така да ме остави на цедило, да не преземе ништо - ни за мене ни за неа.
-Не сум повеќе во витрина, не е истата без тебе. - по многу време го видов на денска светлина.
-Мило ми е. На сите ни треба свеж воздух. - му одговорив гледајќи кон небото и покажувајќи му колку уживам под сонцето.
-Како си? - срамежливо ме запраша.
-Ме гледаш: освежена, надишана, исончана, весела. Што друго можам да посакам? - му ја кажав вистината која и јас ја посакував.
-Така и треба. Така секогаш требаше да биде. - наведнато ми призна.
-Единствено ми е жал за она што го чувавме и кое не го огреа сонце. Умре без да сфати колку ќе пораснеше. Денес ќе прераснеше во нешто големо, но умре се’ уште мало, уште непроодено. Веќе не сакам ни да размислувам кој е виновен. - се одлучив да му признам.
-Никој не е виновен, бидејќи никој не умре. - гордо ми одговори и ја отвори едната пазува. Таа, кај левата страна. Жива, здрава и срамежлива ја видов љубовта. Не умрела.
-Но, како? Ти не се грижеше за неа, а јас си заминав!- изреагирав зачудено.
-Толку силно посакував да се врати онаа љубов која ја негувавме на почеток. Верував дека само зад затворени врати никој нема да ни ја скрши. Не сакав никој да ја знае и да ја допира. Но, никогаш не помислив дека самите ние можеме да ја задушиме. Не бев свесен што правиш се’ додека не си замина. Тогаш сфатив дека единствено јас во тие моменти можам да ја спасам љубовта и тебе да те вратам. На нашата љубов не и’ треба витрина, туку здрава средина во која што ќе ојача. Мислев дека ќе умре кога ти си замина, но тогаш сфатив дека, штом се’ уште е жива, и ти и јас се сакаме се’ уште. Потребни сме, сите тројца. Јас, ти и нашата љубов. Овојпат, без витрина. Овојпат вистински ќе се сакаме против сите зла надвор. - раскажа тој со сјај во очите и со љубовта на срце.
Заборавив на витрината.
Заборавив на адресата.
Само го гушнав под ведрото небо.
На нашата љубов само и’ требало простор за дишење.
Марија Лозаноска
16.7.2015, четврток