Ќе те видам ли и тебе за Велигден?
Отсекогаш било така. Голем празник, а најблиските покрај себе.
И тебе те ставав во тој круг.
Те празнував како празник.
Мислев ти си таа љубов на животта.
За првпат те сретнав за Велигден. Велики Петок беше, сите беа тука. Како некое Божјо чудо, како Некој одозгора да сакаше да нѐ спои, да нѐ сплоти барем тогаш. Токму на тој Велигден не бев сплотена со љубовта, а надвор од семејството потпора ми беа другарките. Се договаравме од кого да ја запалиме свеќата пред црква, се верува дека ако тоа е од некое момче, дека нешто големо значи. Или, ако ја ставиш догорената свеќа под перница, ќе се омажиш за оној кој ќе го сонуваш вечерта.
Млади бевме, верувавме во сѐ.
Но, и никој не ни бранеше, така се радувавме за наши години.
Вечерта не запалив свеќа од тебе, не те сонував, не те посакав. Не беше мој тип на момче, не ме ни зафати магијата на велигденската песна, не се заљубив на Велигден. Вечерта не ми недостигаше никој, како сите да ми беа тука. Можеби потсвесно знаев дека тој-некој е тука, оној за мене. Не ни помислив дека ќе бидеш тоа ти. И вечерта за нас беше најобична. Само што луѓето беа посреќни. Се очекуваше Христовото повторно раѓање, бидејќи тоа беа малкуте денови од Бога во годината кога Тој дозволува да сме со оние кои ги сакаме.
А, нам, мене и тебе, ни се дадоа тие неколку дена за да сфатиме дека треба да сме заедно можеби за цел живот...
Не успеавме. Дали поради нас, дали поради други - веќе не е ни важно. Но, знам дека ти си ми важен секогаш на тој празник. Повторно и овој Велигден знам дека ќе те барам. Ќе се сетам на тебе и ќе те препознавам во сите. Ќе чекам токму ти да се појавиш. Ќе чекам токму ти да се осветлиш од некаде како христијанска свеќа.
Ќе бидам во премногу народ, но пак ќе бидам сама.
Ако не те видам.
Можеби виновен ќе биде Џокси и сите препеани верзии од неговата велигденска песна.
Кога сите во просторијата ќе запалат запалки за „На Велигден сум се заљубил“, ќе им бидам благодарна.
Ќе мислам дека ми прават светла до тебе.
Или ќе ме осветлат мене за ти да ме видиш.
Тогаш ќе видам народ кој дотогаш не сум го видела. Познати, непознати, битни, небитни. Можеби ќе ги видам скоро сите. А, дали ќе те видам и тебе? Ќе те видам ли барем накратко, мој празнику неиспразнуван? Дали гајди ќе одекнат од овде, па сѐ до небото, за со песна да ги повикам и тебе да ми те најдеме? И не знам дали ќе ми го скршиш срцево како обоено велигденско јајце на полноќ. Или можеби ќе ми родиш нов живот во него каков што тие денови се очекува.
Ќе оставам на Оној горе, најдобро знае...
Повторно ќе дојде Велики Петок.
Но, на овој Велигден, ќе ми недостига некој.
Некој кој повторно ќе ми биде во кругот на најблиските.
Барем во мисливе.
Ќе го чекам љубовта да ми ја воскресне и неговата одново да ја роди.
Но, и да не го сретнам, знам дека веќе во срцево сум му рекла:
„Христос воскресе, празнику мој, навистина воскресе!“
Марија Лозаноска
14.04.2014, понеделник