Биди дама, биди џентлмен
До каде ли заминаа женско-машките однесувања? Да, однесувања. Тоа е она што ја интересира јавноста. Вклучувајќи ме и мене. Не знаеме и не можеме да делуваме на она што е зад вратите, во интимниот живот. Но, можеме да укажеме дека бон-тонот не е изумрен - ни во кафана ни дома.
Повеќе не се ни наоѓаме во времето кога се знаеле кои се правата на мажот, а кои ги нема жената. Но, вистинските вредности сѐ уште живеат, а човечкото суштество и тоа како се обидува да ги умре. Во нив нема поделба - сите мора да бидеме дами и џентлмени.
Ужасна глетка е кога маж крева рака, а девојката не си ги знае границите на својата женственост. И двете страни си ги мешаат своите карактеристики на најмалку коректен начин. Сите имаме во себе по малку женско кај машките, и машко кај женските. Но, не ни е дадено тоа да го злоупотребуваме, туку за да го сфатиме, разбереме спротивниот пол. Сите имаме интуиција за тоа како му е на другиот. Девојките сфаќаат колку им е тешко на момците кога искрено канат за прв вистински состанок. Денес многу почесто токму понежниот пол го прави првиот чекор. На мажите им станува појасна тешкотијата на жената кога мора денес да си ги сменат улогите и да отидат на работа, да се грижат домот да е чист, ручекот направен, а децата најадени, наспани, научени.
„Однесувај се како дама, размислувај како маж“. Тоа е таа стратегија за девојките денес. Многу точно, но не функционира кај секого. Затоа што не сме сите исти, девојката нема да налета на господин, а не секоја дама е родена со манири. Според ова, таа мора да има на ум дека отспротива момчето ја сака за една вечер, дека можеби има девојка, дека сака само да му биде уште една „цртка“ во својата листа, дека оној што најмногу ти ласка има лоша душа. Дури и да е таков тој маж, таа треба да остане доследна на својата дамска титула и да му одговори најкултурно, па и да го стави на тест.
Судејќи според различностите, може да се сретнат обратна комбинација - лажна дама и џентлмен со вистински намери. Тогаш се случува бура на драмски и нималку дамски реакции од провидната девојка, сѐ со цел таа да се пофали на светот колку е посакувана. Денес може секој да изгледа светски и богато, но душата никогаш не можела и не може да се купи. Господинот до неа, кој би можел од неа да заработи дури и шамар, нема да изреагира никако, нема да каже дека „Сите трчаат по ниските цени“, туку како кавалер ќе се насмевне и ќе си замине културно стегајќи ѝ ја раката во знак на почит. Вистинскиот џентлмен знае кога е доста.
Никој не сакаме да бидеме во присуство на некултурните парови. И оние кои не се заедно. Од нив ќе се изнаслушаме голема и сочна доза на пцовки, препирање како да светот зависи само од нивната констатација и кавга на маса божем никој не ги гледа. Тоа се случува бидејќи никој не знае да сопре - вистинските дама и џентлмен знаат кога треба да станат и застанат.

Многу ќе беше поубаво кога би можеле да го сфатиме оној до нас. Само да му бидеме човек. Да не се плашат мажите од жените и да им подадат рака кога им е тешко на високите потпетици. Да разберат жените дека секогаш вистинскиот џентлмен сака да слушне комплимент и дека не е погрешно да му се каже дека изгледа згодно во новата кошула. Не е грешката во нас ако другите не ни го сфаќаат протоколот и мислат дека тоа ги правиме затоа што „трчаме“ по нив. Сите сакаме да се чувствуваме убаво во своја кожа, така што и другите тоа го посакуваат. Зошто да чекаме прво од другите, кога знаеме дека културата секогаш реагира на друга култура? Треба само да го вклучиме дамското и џентлменското во секој од нас, без разлика на кој пол припаѓаме.
Впрочем, најпочитувани луѓе се дамите и џентлмените.
Бидејќи едните со другите се препознаваат.
Биди и двете.
Марија Лозаноска
12.10.2013, сабота
Впрочем, најпочитувани луѓе се дамите и џентлмените.
Бидејќи едните со другите се препознаваат.
Биди и двете.
Марија Лозаноска
12.10.2013, сабота