Девојката која не бакнуваше жаби
„Не го сакам, види го: лигле!
Одвратен ми е...“
Многу приказни почнуваат вака. Почна и нејзината на овој начин.
Дали од презир или од престиж.
Не веруваше во суштината на бајките.
Само во нивните среќни краеви.
Којзнае колку ѝ изгледаа жабите одвратни, а камо ли да ги бакне. Веруваше само во она што ќе го видеше.
Веруваше само во принцовите.
Принц како принц, а жаба како жаба. Разликата во нив ја гледаше од километар, јасно ѝ беше кој е кој. Зеленото и мало суштество припаѓаше во калливите слоеви, кај оние што се задоволуваа со малку, а убавецот посакуван од секоја залужуваше да биде во нејзино присуство, да биде љубовта на нејзиниот живот.
Грд, арогантен, сноб, женкар, агресивен, смотан, некултурен - битно да е принц.
Оној принц од своето време.
Најпознат меѓу друштвото, признат во општеството, со богата фамилијарна лоза.
Харизматичен без душа, елоквентен со лаги, ветувач без иднина, покажувач без имот.
Но, е принц.
И тоа секако е голема работа.
За него бакнежот вредеше да го даде.
Бакна многу принцови, подадена и продадена на нивните благодети, среќна мислејќи дека живее бајковита бајка, а не реален живот. Не ги проценуваше дали се од принцовата класа само според потеклото. Често кралски син за неа беше моделот за долна облека, оној, убавецот од списанието. Пејачот од реалните шоуа. Најубавиот лик во кафулето. Најзгодниот шанкер. Менаџерот во сабота навечер. И вратарот со недозавршено средно, но набилдан со магистратура. Шармантниот кецар и повторувач. Намамувачот на девојки со куп лаги.
Па, кој да знае дека титулата лаже, таа си сакаше само принц од модерното време.
Не бакнуваше жаби, но ги произведуваше. Сите нејзини принцови по бакнежот се претвораа во зелените лиглиња. Во секундата престануваа да си ги губат своите квалитети: убавецот си ја искажуваше ниската интелигенција, менаџерот дека само глумел зафатен и недостапен тип, шармантниот кецар си ги покажуваше причините поради намаленото поведение, кај намамувачот на девојки убавите зборови испаруваа по ловот.
Но, таа беше непоправлив романтичар. Продолжуваше да живее во бајка. Продолжуваше со нејзините приказни. Си го остави почетокот ист, ги кажуваше истите зборови повторно на почеток. Не сакаше ниеден принц да ја расипе нејзината бајковидна идила. Гледаше дека во светот постојат милиони среќни парови, но само таа никако не можеше да си го најде својот кралски јавач на бел коњ. Сфати дека сликата ја гледаше површно. Доколку момчето го гледаше без девојката, таа ќе видеше дека тој всушност наликува на сите оние жаби од кои таа се гадеше. Љубовта од принцезата до него го направила повисоко од крал.
Бидејќи дозволила да ја бакне.
Дозволила да ѝ се приближи, бидејќи никој не знаеме што се крие под зелената кожа.
Можеби токму жабата ќе биде најголем човек од сите луѓе.
И, да - повторно ја започна приказната со истата реченица.
Но, овојпат, таа ја намени кон сите навидум принцови:
„Не го сакам, види го: лигле!
Одвратен ми е...“
Марија Лозаноска
10.12.2013, среда