Живот во шише
Не можеш.
Не смееш.
Ти не си за тоа.
Нема да те примат.
Кај ти текна сега тоа?
Не се занесувај!
Тие се друго.
Ај, седи си на местото.
Слушнав само поранешната дека ја сака.
Не ти чини, те оцртува, покриј се, срамота е во кусо, голем ти е задникот.
Успеале, ама знаеш чии се?
Страшно е странство, што ти фали во градчево?
Немој да го побараш, сељак е.
Срамота е да те видат со него.
Тој колку пати те побара?
Ова знаеш колку калории има?
Девојче си, не те личи, тоа е само за машки.
Тој мене ми се пушташе, батали го, женкар е.
Ако го сакаш, ќе правиш тој како ќе каже.
Чекај го, тој машко е.
Пери, готви, раѓај, чисти, чекај, пати, молчи, трпи, плачи!
Живеј живот во шише!
...Ќе се скрши ли некогаш?
Марија Лозаноска
4.10.2013, петок