Кое ли лице денес да ставам?
Не сакав никогаш да бидам лицемерна. Да кажувам едно, да мислам друго, да правам трето. Дополнителна енергија треба за тоа, комплицирање живот беспотребно. Чиста душа, чист образ, мирен сон. Така мислев, така правев. Си имав едно лице и за дење и за ноќе. И за в зиме и за в лете. И за лошо и за арно. И за пријатели и за непријатели.
Со текот на времето, лицето ми пропадна. Доби подочници, немаше руменило. Фати влага, мувла по образите. Стана зеленикаво, чиниш во зомби се претворив. Сите ме забележале, викаат: Девојко, што ти е?; Болна си?; Оди одмори се, не личиш на себе! А, тие, со едно заруменето лице, со една насмевка од уво до уво, со сјај во очите и со ниедна трага од подочници. Наспани со ниедна мака на себе.
А, моето? Зборуваше заедно со мојата искреност.
Настинало, кутрото.
Никаква заштита не сум му ставила.
Ниеднаш не го облеков во некоја маска, барем од ветрот да го заштитам.
Од оној зол ветар од закоравените души на луѓето.
Не знам зошто моето лице овенало. Што и да направев, никако не можев да го опоравам. Си ја чувствував таа тежина на него и како да ми го натежнуваше и телото и душата. Како само јас да бев ликот во просторијата со најискрено лице. Бев тажна внатре - бев тажна надвор.
Ја набљудував просторијата. Го набљудував оној џган од луѓе со среќни лица. Навидум разџагорени, сите со својата среќна или смешна случка, сите со досетките и фалбите. Ми се заматуваше во главата од сета таа чудна енергија што ја произведуваа луѓето. Сфатив дека погрешно ја гледам целата слика. Човекот не го правеше гужвата, туку секогаш поединечно тој. Ситуацијата ја создава најпрво еден човек, па друг, па трет. Никогаш сите заедно. Видов двајца познаници што се сретнаа. Двајцата прво беа намрштени, па откако се сретнаа си разменија насмевки и убав збор. Не знам дали им беше мило што се видоа, но таа среќа секако не ги држеше понатаму, бидејќи повторно си го ставија на себе загриженото лице. Девојките што седеа на масата беа сите прилично расположени, сите се гушкаа и сакаа. Едната замина и другите почнаа да превртуваат очи за неа. Го сменија лицето за секунда. Не беа задоволни од нејзиното друштво, но додека беше таа тука не се однесуваа така. Понатаму стоеја двајца мажи додека едниот беше многу раскажуван менувајќи многу лица, а другиот ги копираше од него со цел за да сочуствува. Но, напати, пречесто, погледнуваше во часовникот. Во нечие добро друштво времето лета, но на слушачот не му идеше тоа во прилог. Таквиот потег, иако тоа не му се читаше на лицето, значеше дека му го троши времето за работи што не го интересираат бидејќи има многу поважни.
Да, тоа беше просторија полна од лицемери.
Сум ги гледала само средбите, а не поединечните луѓето.
Само јас сум седнала в ќош со моето искрено лице од тага.
Ужасната од сликата, се освестив. Почнав и јас да бидам среќна барем на лицето, ако не можам во душата. Повеќе никој ништо не ме прашуваше. Можеби за среќа не се прашува, а и можеби ги нервира бидејќи сум среќна. Кога другите беа тажни, и јас почнував да бидам тажна. Кога другите се смееја и моето се смееше. Механички без никакви чувства.
Сега во гардероберот се мислам кое лице со која облека оди. И секогаш ја одбирам највеселата гардероба, најдигнатата, најдотераната. Каква облека - такво лице.
-Пријателке, знаеш дека почнав да правам лице за се’?
-Што си правела досега? Јас тоа од одамна го практикувам. И супер ми е.
Да, што сум правела.
Но, ќе знам отсега што да правам секое утро.
Отворам гардеробер и помислувам: Кое ли лице денес да ставам?
Марија Лозаноска
15.9.2015, вторник