Нацртано, обоено, несфатено
Одбери црта.
Збор знам дека не сакаш.
Одбери реченица од линии:
ако сум добро,
ќе огреам сонце,
ако е тешко,
ќе му ставам облак,
ако те нема,
ќе падне ноќ...
Ти сé уште гледаш во празното!
Зарем не е сé на свое место ставено?
Зарем тебе ти треба шарено?
Ете, сонцето ќе е зелено,
облачето ќе е црвено,
ноќта ќе е осинета...
Зарем ти се смееш?
Задоволна насмевка имаш?
Ова ли се вистинските за тебе бои,
ова ли се гледиштата твои?
Лекцијата се совлада.
Цртачот научи -
колку и да го покажуваш розевото,
пред него пак ќе го гледа празното,
нему пак ќе му одговара пурпурното.
Збор знам дека не сакаш.
Одбери реченица од линии:
ако сум добро,
ќе огреам сонце,
ако е тешко,
ќе му ставам облак,
ако те нема,
ќе падне ноќ...
Ти сé уште гледаш во празното!
Зарем не е сé на свое место ставено?
Зарем тебе ти треба шарено?
Ете, сонцето ќе е зелено,
облачето ќе е црвено,
ноќта ќе е осинета...
Зарем ти се смееш?
Задоволна насмевка имаш?
Ова ли се вистинските за тебе бои,
ова ли се гледиштата твои?
Лекцијата се совлада.
Цртачот научи -
колку и да го покажуваш розевото,
пред него пак ќе го гледа празното,
нему пак ќе му одговара пурпурното.