Кога престанав да те љубам
Кога престанав да те љубам забележав дека постои друг свет.
Кога престанав да те љубам мислев дека не сум излегла од памтивек.
Кога престанав да те љубам почнав луѓето да ги слушам, да ги гледам, да ги сфаќам.
Кога престанав да те љубам небото беше посино, тревата позелена, луѓето почовечни.
Кога престанав да те љубам почнав да се љубам себеси,
да се уживам целосно, да се сменам кон подобро.
Кога престанав да те љубам те видов во вистинските бои.
Кога престанав да те љубам се чудев на убавините свои.
Кога престанав да те љубам престанав горчина да чувам.
Кога престанав да те љубам наоколу почнав повеќе љубов да ширам.
Кога престанав да те љубам почнав и времето да го љубам.
А, времето престана кога почнав да те љубам.
-Марија Лозаноска, 2019