Совршена за да бидам љубена
Ново утро, отворам прозорец.
Со надеж дека светот се сменил, дека луѓето почнале да одат по земја.
Не се сменило ништо ни ова утро.
Луѓето летнале божем се на врвот.
Луѓето не се љубат мислејќи дека никој не вреди.
А, до врвот не се оди летајќи затоа што нема да ја знаеш убавината на искачувањето.
А, луѓето вреди да се љубат.
Дури и оние несовршените.
Значи - сите.
Секогаш се запрашував за промашените љубови. За оние што ми пропаднаа и за оние што не ги добив. На секоја помисла самодовербата ми паѓаше. Дека јас сум виновна за тоа што сум ги изгубила, дека јас сум виновна ако него не го добијам. Јас не сум доволно убава, јас не сум доволно паметна, јас немам доволно пари, јас немам од убавите облеки, јас го немам добриот карактер. Да, сите причини ми започнуваа со јас. И не знам дали ќе беше подобро ако вака го ставав моето јас или да бев како оние кои така ја започнуваат реченицата фалејќи се. Но, како и да е, моите реченици со јас започнуваа кудејќи се.
Секогаш се плашев од силно посакуваната љубов. Се преплашував. Не мислејќи дали тој отспротива вреди и не давајќи си простор да го запознаам или одљубам. Наместо да си пуштам срце и ум, јас стоев со часови пред огледало гледајќи си ги моите мани: предебела сум, кожата не ми блеска, косата ми е изгорена, не ми стои добро облеката, ќе ја забележи дамката на носот, ќе се ужасне од целулитот и моето незгодно тело. Потем ќе се тргнев од огледалото замислувајќи како и тој се трга од мене. Па ќе си замислувам во главата разговори како сум искрена со него, како смислувам шеги и длабоки теми на муабет за на крај тој да ја види зад мене таа со совршената кожа и ни грам на себе целулит. Па вели дека мора да си оди или дека ме гледа само како пријателка.
Без да помислам дека цела оваа филозофија е само огромната нељубов од мене за мене.
Дека очекувам друг да ме сака, а најпрво јас не се сакам себеси.
Секогаш мислев дека треба да бидам совршена за некој да ме љуби. Дека секоја моја несовршеност ќе ме оддалечи од него. Макар тоа била мојата физичка несовршеност, макар била тоа мојата огромна искреност, макар било тоа мојот карактер. И секогаш се стремев да бидам совршена: во лик, во титула, во општество. И никогаш не помислив каде тоа ќе ме однесе.
Но, еден ден, стигнав и до тие најгорни скалила меѓу луѓето.
И, знаете што?
Таму љубовта ја немаше.
На врвот луѓе немаше.
Имаше ликови, но немаше човечност.
Ја изгубиле додека се калемеле како мене, да бидат совршени.
Се изгубиле себеси за да ја најдат љубовта.
Сосема заборавив на срцето. Тоа ми беше отсекогаш толку големо! Јас сакав само да бидам најубава и најголема гордост за мојот човек, заборавајќи дека љубовта се гледа во моментите кога ни е најтешко, а ја имаме таа нечија поддршка. Тогаш не сакаме ни изглед ни потекло ни марка на облека и предмети, ниту парите во џебот. Тогаш гледаме само прегратка и едно огромно срце што ни чука блиску до нас и ни вели: „ Се' ќе биде во ред“.
Да, се изгубив во потрагата по совршеноста.
Си ветив дека ќе бидам убава одвнатре.
Ќе си го најдам мирот и ќе престанам да мислам на површности.
Бидејќи, колку и да сум совршена, утре ќе остарам.
Колку и да сум дотерана, утре ќе опаднам.
Колку и да сум препаметна, утре ќе сакам на глупости да се изнасмеам.
И во тишина да љубам.
Затоа што колку што се правам посовршена, толку ќе бидам јас пострашна за несовршените наоколу кои совршено ќе ме љубат.
Марија Лозаноска,
18.6.2018, понеделник