Ако бев момче...
Ако бев момче...
Веројатно немаше да се одберам себеси, оваа девојка што ја претставувам.
Барам многу. Многу љубов, многу нежност, многу внимание, многу препирки, многу детска душа.
Го барам многуто веднаш, а не оди тоа така.
Не живееме сите во таа надреална слика.
Ако бев момче...
Ќе бев проклето убав. Ќе бев Џемс Дин, ќе бев бунтовник без причина.
Ќе правев девојките да се помачат за мене, бидејќи ќе бев еден од ретките.
Еден од ретките убави, неодоливи, со шарм на дете. Невино.
Не наивни, не меки во душата.
Ќе си правев како душичката моја си сака.
Ако бев момче...
Ќе дозволев да се заљубам.
Но, во девојка со полна душа.
Со која рацете ќе ми бидат пополнети од прегратки, а внатре испразнет од болки.
Ќе дозволев и често да ми се доближи секоја. Морам, за да ја најдам прегрнувачката.
Таа ќе биде убава, како и секоја девојка. Ќе ми се меша со мнозинството.
Ќе поминам низ искушенија, грешки, ќе повредувам и ќе ме повредуваат.
Често за некоја ќе бидам женкарот, расипникот, дволичникот, користољубивиот.
Но, нека. Прегрнувачката ќе види дека јас ќе сум само човек.
Бидејќи само нејзе ќе ѝ дозволев да ме види таков каков што сум.
И ќе ја сакав таква каква што е.
Ако бев момче...
Можеби ќе бев подобар, бидејќи знам што сакаат девојките.
Сакаат живот со внимание, прашање како поминал денот, кога ќе си легнеш.
Договор за да се јавиш кога ќе станеш.
Да се јавиш кога ќе стигнеш.
Еден куп внимане со непотребни ситници, а толку неопходни за љубовта.
Ќе знаев да сакам жена, бидејќи ќе знаев дека таа и не бара многу.
Ако бев момче, јас ќе бев тој што ја чува.
Што ќе ја ислуша кога се жали.
Бидејќи таа нема да бара решение за нејзиниот проблем, таа веќе си го знае.
Таа ќе чека само јас да бидам тука додека преживува во своите проблеми.
Во своите женски проблеми. За мажите мали, но за жените огромни.
Ако бев момче...
Немаше да ѝ го ветам светот, ни раскошни куќи, ни скапи свадби, ни три деца, ни покажување пред фамилија, ни да ѝ се фалам колку вредам, ни колку е најубава и највредна од сите мои поранешни.
Ниту пак ќе ветувам најскапи подароци.
Само ќе ја прегрнувам мојата прегрнувачка.
Со часови, со денови, со векови.
Ќе ја потсетувам често дека ја сакам, затоа што знам дека ќе заборава.
Ќе ја чувам од зло за да се почувствува сигурна со мене.
На тој начин таа ќе знае дека сѐ што таа посакува од мене ќе дојде со времето.
Дека со мене ќе го има.
Сигурно ќе знае.
Ако бев момче...
Пред светот повторно ќе бев Џемс Дин.
Повторно немаше да дозволам да ми се доближи секој и секоја.
Во срцево да ми се доближи.
Ќе ѝ дозволев само нејзе.
Ако бев момче, ќе бев вистинско момче.
Ќе си правев како си сакам - ќе ја барав и љубев онаа која душичката моја ја сака.
Веројатно немаше да се одберам себеси, оваа девојка што ја претставувам - не веднаш.
Барам многу, но и давам повеќе.
Само треба да ме почека и да види...
Затоа што тоа што за мене е многу - и не е многу, за него ќе биде лесно.
Бидејќи ќе го прави со љубов, од срце, од петни жили со радост ќе се труди.
Од љубовта и треба да се очекува многу, бидејќи таа и е надреална слика.
Ако бев момче...
Ќе ја одберев прегрнувачката.
Бидејќи прегратка и е сѐ што барам.
Ако бев момче...
Ќе ја прегрнував и само ќе ја сакав.
Марија Лозаноска
21.12.2013, сабота