Тагите зад мојата насмевка
Ти кажав дека сум добро.
Не сум.
Ти кажав дека преболев.
Не сум.
Мислиш сум најдобрата.
Колку не сум.
Очекуваш најдобро.
Го немам.
Уште не.
Мислев ми поминало лошото време. Сум научила сама да пливам, дека за тоа должна сум само самата јас. Сум испливала на површина како никогаш досега. Сите демони ги победив, не се враќаат. Почнав да се сакам, да ме сакаат. Сметав дека сум зацелила.
Но, не треба да бидеш сигурен.
Се смеам можеби затоа што уште ги бркам лошите сили.
За да не им потклекнам, за да докажам.
Моите таги беа големи. Можеби поголеми од моите насмевки. Колку поголема насмевка правев, значи толку поголема мака сум имала. На секое натсмевање сум се борела посилно. Можеби сум изгледала убаво, но сум се чувствувала прелошо. За другите фина, а в себе душа си кинам. Сум се изборила за насмевка, но всушност сум се борела со себе. Сум била еден човек кој бил удиран, многупати. Дали в душа дали на тело - веќе и не било ни толку важно. Тагата, предавството, нељубовта болат и повеќе од камшик.
Сум пробувала.
Можеби се' уште и пробувам.
Немој да се залажуваш.
Немој да те лажам.
Јас само сакам помош, сакам само прегратка. Сакам прибежиште за да си ги исплачам солзите. Сакам сигурно место каде што ќе ги исфрлам несигурностите. Цело време тоа го правев преку насмевките. Мислев насмевката убива. И да, убивала. Но, ме уби мене. Почнав да се смеам секому, само за да не се откријам каква сум. За да не придонесам уште таги врз оние постоечките. Мислев дека со насмевките ќе привлечам само среќи.
Наместо да се исплачам како човек.
Не верувај кога ми е убаво. Прво прашај ме, ако си човек. Не знаеш кога со насмевката си правам корито за солзите, само за другите да не видат како тие се слеваат надолу по земјата. За да не мора другите да газат по нив и да речат: „Еве ја, пак плачела!“
Полесно ми е кога кога ме гледаат силна.
Тогаш не ме повредуваат, тогаш помалку плачам.
Ако си човек, направи ми вистинска насмевка.
Сум слушнала дека само со вистинска среќа солзите се бришат.
Марија Лозаноска
8.7.2016, петок