Десетгодишната тишина
Тивко ми е.
А, толку песни се испеаја, толку зборови се изнакажаа.
Книги се изнапишаа, градби се изградија, фестивали се составија, луѓе го спомнуваа.
Џабе.
Тивко е.
И покрај песните на радио и покрај снимките на интернет и покрај буката на фановите.
Тивко е после концертот на Градски.
Оттогаш не ни запеа.
Избледува, а тоа најмногу ме боли. Избледуваат спомените, се редат нови, а не сакам. За него не, бидејќи уште тоа остана. Ќе го слушам, да, но зошто тогаш го слушав? Зошто тогаш толку го сакав? Зошто беше поинаков од другите? Зошто дента на концертот имав фамилијарна болка, а пак отидов да го гледам? Бев тргната со влезницата стисната в раце за Градски, а мобилниот ми заѕвоне. Лоша вест. „Не, јас морам да одам, морам да го гледам Тоше!“, тоа изустив. Како да знаев дека тоа беше последното. Па, зошто не кажав кога знаев? Зошто кога срцето ми затрепери не заминав на сцена да му кажам? Зошто не го послушав небото кога врз мене капна една капка дожд, баш мене од цело ведро небо? Можеби и другите имале знаци, но и да знаеле, не сакале да поверуваат.
Никој не веруваше дека Тоше би заминал.
Летото го имав спуштено српскиот албум од „Игри без граници“. Не знам поради која причина. Новите песни ги мумлав на српски и сфатив дека не дојдов спремна на концертот. Ох, но колку беше тоа небитно. Го слушав Тоше на сцена како кажува дека ќе соработува со образованието во Македонија и како ќе го реновира неговото школо во Крушево. Го слушав како со ентузијазам раскажува за подоброто утре. За неговите помагатели, семејството, обожавателите. Објаснуваше како му се живее...
Но, никогаш не ги заборавив тие солзи во очите кога излезе.
Тоше, зарем знаеше?
Зошто не кажа?
Уште оттогаш замолче.
А, ние онемевме.
Сега, Тоше, ти правиме божемни концерти. Се собираме спонтано на плоштади и правиме ѕвездено небо под улични рефлектори. Ти слушаме нови песни и нови албуми. Некои те сакаат тогаш што не те спомнувале.
Ќе замолчам по ова, нема што да кажам.
Ќе молчам оти те зборував сите десет години откако се појави. Зборував како бев заљубена во тебе, како се гледав како твоја невеста, како забегував дека ќе ме поздравиш на концертите, дека песните ти се за мене, дека сум била дете, тинејџерка, адолесцентка полудена по тебе... Доволно беше.
Сега ќе молчам.
Ќе те спомнувам одвреме-навреме пред другите за да те одбележам кај народот.
Затоа што боли колку те нема.
Ти молчиш, јас молчам, но душата врие.
Цели десет години не запеа.
Цели десет години овде ни е тишина.
Марија Лозаноска,
5.10.2017, четврток