Не си фер што замина, Тоше...
И џабе кажуваме, џабе плачеме.
Не си фер, што некогаш и те мразиме.
Од сакањето те мразиме! Кој си да дојдеш, да испееш, да се испозаљубиме во тебе, да кубеме коси... За на крај да заминеш?
Не си фер, Тошенце. И џабе кажуваме дека те сакаме, кога нема кого. Повеќе не си тука. Нема од кого автограм да земеме, на свирка и концерт да му отидеме, да се испотепаме за прв ред.
Не си фер. Понекогаш толку те мразам. Како да ти бев јас девојка, како да ме остави мене, како да ми раскина мене, како да ми пееше мене. Толку боли!
Но, не сум само јас. Не бев само јас девојката која сонуваше и потајно се надеваше дека токму ти ќе бидеш сопругот. Будалести бевме, ама те сакавме, а ти си замина!
И знаеш што зеде со себе?
Насмевката.
Младоста.
Песната.
Твоето народно вибрато.
Слаткото играње на сцена.
Не сакам од ју-туб да слушам како сите нѐ сакаш!
Не сакам да преслушувам по милионити пат твои настапи во живо кога ти не си жив!
Лута сум ти, Тоше...
И упорно те бараат. Го бараат новиот Тоше. Велат те имитираат. Бараат сличен. Дека не можат да те заменат...
Речи им да престанат! Дека ти си виновен што си замина, ти остави толку болка, а се радувавме со тебе. Речи им да не бараат, дека ти беше тука, дека те видовме, дека треба да се радуваме што воопшто се појави.
Дека човек не се заменува.
Дека знаеме каде замина, иако нѐ боли...
Не си фер, да знаеш!
Кој си да оставаш толку солзи на нас, толку песни само од други испеани, толку живот во тебе неизживеана! Ти беше мојата тинејџерска љубов, мојата музика за спремање испит, посакуван зет за секоја мајка. Идол на мажите како треба да се изгледа.
И на крај си замина!
Лута сум ти, Тоше! Лути ти се сите!
Зошто си замина?
Или пронајде поубав свет од овдешниов?
Изгледа....
Знам дека ангел си ти и сите те сакаме. Неизмерно те сакаме.
Му се лутиме само на оној кој го љубиме.
А, ти беше човек кој нема кој не го сакаше.
И затоа не си фер што си замина, Тоше...
Имаш само датум на раѓање
и цела вечност за паметење.
Почивај во мир, голем човеку!
Марија Лозаноска
25.1.2014, сабота