И сѐ уште старомодно сакам
Па, навистина не знам. Дури сега дознавам за модерната љубов.
А, не сум виновна. Нека кажат барем на вести, да се информирам.
Вака се срамам, излезе дека само јас не знам да љубам.
Старомодно сум го правела тоа.
Можеби вината треба да ја барам во лошо одбраните филмови. Оние во кои момчето прави сѐ и сешто за да ја освои девојката. Кога таа нема излез од дома, па само скришно го погледнува и не дозволува да ѝ пријде толку лесно. За да ја зачува магијата на љубовта.
И, јас како неука да прашам - има ли нови правила во сакањето? Следејќи го мојот романтичен ген во себе, правам само како срцето ми налага. Искрено ги кажувам своите чувства. Но, спротивно ми се враќа. И, не знам поинаку да сакам.
Старомодна сум.
Сакам кога нештата течат спонтано, сакам кога постојат само пристојни момци и девојки, без ети-кети на себе и кога не ти е страв во кого ќе се заљубиш. Сакам кога никој од никого не ја презема љубовта и кога сакаш само еден до крајот на животот. Сакам кога една прегратка и еден бакнеж значат нешто.
Бидејќи не сме животни.
Не нѐ води само инстинктот.
Не знам да лажам во љубовта. Глупаво се издавам кога некој ми се допаѓа, па другарката од инает ќе ми го преземе љубениот. А, што да правиме кога израснавме со Беверли Хилс, некој серијата си ја сфатил сериозно, мисли дека тоа е во ред.
Но, што знам јас - старомодно сакам.
Старомодно кажувам дека сите ѕезди би ги ветила кога искрено љубам.
Денес светот се договорил да го прескокне тој дел.
Не сум веќе интересна кога на глас ја набројувам иднината што ја замислувам со него. Тој веќе испланирал повеќе да не биде со мене, си нашол поинтересна.
Глупаво и старовремски звучам кога ја кажувам вистината.
Модерно било да лажеш дека сите те сакаат и по тебе трчаат.
Не како мене - кажувам дека сакам само еден.
Ете, нека стават на вести. Во делот на светските катастрофи, кај црната хроника, бидејќи очигледно љубовта секојдневно ја убиваат. Нека кажат по колку треба да трае една љубов и кои се репликите за да ја завршиш или кои се контра-репликите кога со тебе ќе завршат. Како да се совладаш себеси кога ќе засакаш, а е крај. На која страна да се свртиш кога ќе го видиш со друга. Како да изреагираш кога сфаќаш дека те лаже.
Бидејќи не знам, старомодно љубам.
И нека кажат зошто ги ставиле новите правила.
Зошто не им е доволен само еден за да им биде сѐ.
Зошто во постанокот на светот не ги ставиле само Адам и Ева без змијата, бидејќи денес тие влечуги се накотија во секаков облик.
Зошто на љубовта ѝ се даваат нови правила, кога се сака само со едно - со она од срцето.
И зошто само мене ми е убаво вака.
Вака, кога старомодно љубам.
Марија Лозаноска
25.4.2014, петок