Драга 'очајна' девојко...
Драга 'очајна' девојко...
Се обраќам на онаа кога си во таква состојба. Кога мислиш дека си во таква состојба. Кога мислиш дека си таква. Кога постапуваш така, кога околностите се такви. Сметаш дека си очајна и во очајни услови.
Тоа не си ти.
Тоа е само очајната која не те дефинира тебе.
Само се вселила во тебе.
Драга 'очајна' девојко...
Ти не беше вчера ваква. Се сеќаваш? Се сеќаваш пред да се појави проблемот? Се сеќаваш дека беше среќна? Нејзе не и' се обраќам, овде сме дојдени по очајот. Ќе го бркаме, ќе го убиваме, ќе го масакрираме. Бидејќи не е наш. Не се обраќам на среќната, туку на оваа очајнава што се вселила.
Драга 'очајна' девојко...
Не посакувај желби додека си во паметната и вредна девојка. Исплачи се подалеку од сите ако треба и замини си. Таа паметна девојка има свои цели кои си ги посакува цел живот, не расипувај и' ги плановите. Не се преправај дека вие две сте исто. Тебе те пратиле само некои луѓе кои исто така патат од очај и што им создаваат само несреќи на луѓето. Тебе не те познаваме која си и не сакаме да те запознаеме. Ти си овде на кратко и треба што побрзо да те избркаме.
Драга 'очајна' девојко...
Тоа е онаа која ја нарекуваат така другите. Даваат таков епитет бидејќи мислат дека сите одлуки и' се од очај. Не помислуваат дека можеби тргнале по лоши луѓе, лоши љубови, лоши професии, лоши судбини. Дека си ја изгубила силата. Си ја изгубила ориентацијата навлегувајќи во се' полош и полош вртлог. Оттаму е најтешко да се излезе и тогаш најмногу работи очајот. Работи кај оние кои се слаби во моментот. Ги нарекуваат така, а тоа не се тие. Тоа се само очајните маски, ќе си заминат кај да е.
Драга 'очајна' девојко...
Не посакувај маж во својот живот. Не го посакувај без добра придавка до себе. Не посакувај каков било, посакај го најдобриот за тебе. Не е очај ако си сама, тоа е сопствен избор, бидејќи повеќе се сакаш себеси отколку секаквите. Посакај го оној што ќе те љуби и што ќе те почитува. Оној што нема да дозволи да ја повика 'очајната'. Бидејќи токму тие ја претвораат драгата девојка во очајна. И тогаш си ја бараме вината во себе и никогаш во лошите моменти. Оние моменти кои ни носат лоши одлуки. Тоа не си ти. Секогаш можеш да ги смениш одлуките. И тоа ќе го направиш само ако ја убиеш очајната во себе.
Драга 'очајна' девојко,
Ќе дојдат подобри денови кои ќе донесат подобри луѓе. Поголеми избори. Подобри избори.
Тогаш ќе нема место за очајната.
Ќе поминеш низ многу очај додека ја искалемиш силната.
Тогаш ќе ја имаш придавката 'силната'.
И таа придавка повеќе никој нема да ти ја земе.
Нема да ти ја земе бидејќи никој не ти ја дал.
А, 'очајната' - те прави само таквиот свет.
Одбери подобар.
Марија Лозаноска,
4.12.2017, понеделник