Карванот помина, јас не излајав
Џентлмени и дами,
со придружби или сами,
со револвери и лепези,
со преполнети трпези.
Врват како да е друмот нивни,
се прават надвишни, силни!
Само јас ништо не кажав,
само јас не излајав.
Луѓе во кожи од крзна,
во железни чевли,
во прескапи руна,
а отстрана душа празна,
џебови искинати и безлебна казна.
гордоста падната низ излитена латица,
со суво во окото
гледам алчна лисица.
На карванот беше прва,
во прашина покрај ми врват!
Пак ништо не кажав,
пак ништо не излајав.
Да бев куче кое силно лае,
може ќе бев ѕвер, може живот ќе трае.
Пес кој е најгласен,
тој е најнајаден,
кутре кое молчи за милост проси.
Карваните ќе минат,
лепезите ќе се веат,
револверите ќе плашат,
по друмот ќе прашат.
На карванот може ќе бев прва,
ако бев лоша по друмот крвав!
Но, јас ништо не кажав,
јас ништо не излајав.
Ништо за кое подоцна ќе успеав.
со придружби или сами,
со револвери и лепези,
со преполнети трпези.
Врват како да е друмот нивни,
се прават надвишни, силни!
Само јас ништо не кажав,
само јас не излајав.
Луѓе во кожи од крзна,
во железни чевли,
во прескапи руна,
а отстрана душа празна,
џебови искинати и безлебна казна.
гордоста падната низ излитена латица,
со суво во окото
гледам алчна лисица.
На карванот беше прва,
во прашина покрај ми врват!
Пак ништо не кажав,
пак ништо не излајав.
Да бев куче кое силно лае,
може ќе бев ѕвер, може живот ќе трае.
Пес кој е најгласен,
тој е најнајаден,
кутре кое молчи за милост проси.
Карваните ќе минат,
лепезите ќе се веат,
револверите ќе плашат,
по друмот ќе прашат.
На карванот може ќе бев прва,
ако бев лоша по друмот крвав!
Но, јас ништо не кажав,
јас ништо не излајав.
Ништо за кое подоцна ќе успеав.
Марија Лозаноска
25.2.2015, среда
25.2.2015, среда