Лавица
Ете, денес станав Лавица.
Стани, измиј се, исправи се и плаши се!
Ќе бидам лоша, користољубива,
бестрашна, убибожна!
Ќе бидам семоќна и бескожна.
Плаши се, треси, прооди!
Од мене побегни!
Па, сети се во мислите на Јагнето.
Сети се на убавото минато.
Кога возовите за нас секаде одеа,
кога парковите и во зима љубов водеа,
кога еднаш една те чекаше љубно,
со очи ѕвездави, со срце чујно.
Милувај спомени, навикни на промени!
И, денес, запомни - станав Лавица.
Умоболна, луда, крволочна кралица.
За секого ќе сум крајната станица,
јас секоја женка ќе ја направам вдовица.
Го убив Јагнето што мирнота блееше,
го запрев наивното од себе што капеше.
Никој не сака Јагниња,
никој не сака наивна.
Оти, мило мое, иако сме сами,
пак пред народот ние ќе сме дами.
Ќе бидеме почитувани,
ќе бидеме Лавици,
и да сме зли и недостижни
за мажите ќе сме кралици.
Марија Лозаноска,
2.5.2015, сабота
2.5.2015, сабота