Ќе нè победуваат сè додека им се плашиме
...Биг Бен го означи пладнето. Отчука дванаесет часот. Се слушна грмеж од чукања во просторијата, а в душа како да ми трештеше. Наоколу беше исто, но сепак во сликата се издигнуваше со својот изглед и однесување само една девојка во црвено. Носеше фустан, класичен. Со темна коса и блед тен. Косата ѝ беше собрана во банана, а шминката умешно нанесена за да биде неодоливо заводлива. Нејзиниот став беше како воопшто да не ја интересираат останатите празни муабети. Си го чекаше својот ред многу културно. Ми изгледаше премногу познато, но таа познатост не ја гледав во нејзиниот лик. Чувствував нешто многу чудно во врска со таа девојка. Не зборуваше, а како да кажуваше многу со нејзината тишина. Гледаше само во еден правец. На нејзе немаше ниту еден погрешен потег.
„Ја отворија вратата, ја отворија вратата!“
Наеднаш гужвата стана стампедо. Раскокодаканите се претворија во зебри кои бегаат пред лавови. Викотници како да е пазар. Како да ја отвориле единствената пекара во градот. Сите се залепија пред вратата во чија просторија требаше да се одржува интервјуто, и чиниш веќе ги продаваат симидите. Последни останавме јас и Девојката во црвено. Таа беше таму поради нејзината култура, а изразите на нејзиниот лик кажуваа дека културните девојки не се туркаат на таков начин. Јас останав назад само поради стравот од мојот чадор кој зафаќаше многу простор во гужвата. Не бев храбриот шумар, туку постапив како последна кукавица.
Почнаа да влегуваат сите со својот вид на ентузијазам, а секој излегуваше со различна фацијална експресија: разочараност, неверување, лутина. Ретко имаше некоја позитивна реакција. Некои толку бргу истрчуваа, што не можев ни да им го видам ликот, камо ли да прочитам што мислат. Таквите сигурно не си одеа за да ја соопштат добрата вест за примањето, туку да си ги исплачат солзите подалеку од очите на другите.
Се преплашив. Девојката во црвено сѐ уште ја имаше истата рамнодушност во себе. Беше како празна кукла. Во просторијата вриеше преполнетоста од емоции, а во нејзината внатрешност единствено што допираше беше само воздухот. Повеќе ме заинтригира самодовербата и непокажувањето страв кај таа несекојдневна дама, отколку вулканот од разочараност што излегуваше од канцеларијата. Не знаев какво чудовиште се криеше во просторијата. Гужвата пред неа покажуваше дека конечно го нашле чудовиштето од Лох Нес и како токму тоа да ја даваше најпосакуваната работна позиција во Лондон. Можеби си бараше пи-ар менаџер за посета на неговото езеро за следните педесетина години. Единствено Девојката во црвено не беше исплашена од ништо.
Стампедото од раскокодаканите се намалуваше. Многу од нив се откажаа и не влегоа воопшто внатре. Јас сѐ уште седев на фотељите за чекање заедно со Девојката во црвено. Таа единствено што правеше е тоа што погледнуваше на нејзиниот рачен часовник и притоа не даваше никаква емоција дали тој покажува доцна, рано или премногу поминато време во чекање. Оддалеку видов на него дека е точно пладне. Според Биг Бен, ѝ беше точен. Малку ми даваше храброст. Таа беше многу подобра конкуренција од оној лик во гужвата кој паничи и има коментар за сѐ и сешто. Подобро беше кога сите бевме сами со своите мисли и размислувања околу нашите очекувања.
Конечно останаа уште две девојки пред влезот. Од толпата не се гледаше внатрешноста на канцеларијата, а последните како за инает ја затвораа вратата и не можев да регистрирам ништо. Девојката во црвено не се ни обидуваше да види што се случува. Како да знаеше кога ќе влезе, што ќе зборне и каков одговор ќе добие. Не сакав да бидам од оние кои се откажуваат и како да не сакав да бидам спротивноста од совршената девојка до мене. Не сакав да бидам некоја сосема друга и поинаква од неа.
И последните две девојки кои чекаа пред вратата се исплашија и се откажаа. Наеднаш немаше никој пред неа. Ние две и чадорот до мене сѐ уште седевме на фотељите. Наместо во гужва почнавме да гледаме во празно. Излегоа и оние две девојки кои останаа внатре, но трчајќи, со наврнатите очи на себе и бришејќи си ги капките од лицето. Чудовиштето Неси и не било толку дружељубиво, а отсекогаш било толку многу посакувано друштво дури децении наназад. Ја погледнав Девојката во црвено до мене која сѐ уште имаше рамнодушен поглед и став. Не се ни обиде да стане за да влезе. Наеднаш се штрекнав од гласот кој излезе од канцеларијата.
„Следниот!“
Погледнав со широко отворени очи кон вратата. Како мене да ми се обрати Неси. Безброј туристи одат секоја година за да го видат тоа езерско чудо, а јас дочекав дури и да ми довикне од големата брановита длабочина. Се свртев повторно кон Девојката во црвено и не ме ни погледна. Ја игнорираше целата ситуација и како да сакаше да влезе достоинствено без никој да ѝ пречи. Морав да влезам прва...
********
... не знаев колку ќе ми биде денот убав, бидејќи ни тогаш не успеав. По стоти пат не успеав во животот. Мене не ме вработија, туку другата, Девојката во црвено. Како и секогаш, кон патот до успехот победуваше мојата спротивност...
Марија Лозаноска,
извадок од романот „Другата“