Се викав Њ
Имав необично име. Се викав Њ. Ниту презиме ниту уште една буква. Само Њ.
Не бев забележувана. Колку што ми беше мало името, толку мала ми беше и појавата. Мојата маленкост не беше доволно интересна за светот и покрај додатокот од необичното име. Лутав наоколу сама, без добарденот од другите, без довикувањата од луѓето. Си мислев, ова моето Њ е тешко за довикување, не знаат како да ми се обратат, па затоа полесно им е да ме игнорираат. Претпоставував дека оние кои можат да си го нагалат своето име имаат повеќе пријатели.
Не знам навистина чија вина беше тоа.
Немав слушнато збор кој почнува на мојата буква. Никој не ја ни делеше мојата судбина со Њ-то. Лутајќи наоколу барав одговори, барав начини како да го преживеам остатокот од времето со таа моја осамена буква. Никој не ни знаеше дека тоа можеби ми е проблем, никој не ја ни доживеал мојата судбина па да ми даде совет. Единствена бев со таквото име. Само јас знаев како е да се викаш Њ.
Ми тежеше буквата. Камо да имав едно огромно име, можеби и составено од повеќе збора, какво било да е, само не тоа име Њ. Еден ден решив да си ги скратам маките. Во мојот извод на родени немаше место да си додадам ниту уште една буква, Њ-то ми го ставиле во едно тесно коцкиче. Како да знаеле дека за мене нема спас.
Затоа решив да си ја олеснам буквата.
Си го скратив мешето, малку држев диета.
За брзо време се претвори во друга буква.
Имав ново име.
Почнав да се викам Н.
На луѓето оттогаш почнав да им го слушам добарденот. Ме поздравуваа, ми делеа комплименти за изгледот и името. Колку си се разубавила, некако си се изменила!; Колку необично име имаш... Твоето име Н секогаш ќе ме асоцира на убави работи, како: невеста, ново, нешто НАЈ... Ми годеше муабетот со луѓето. Си го слушав името од нивните усни како ми го изговараат и како со него ми се обраќаат. Можеа лесно да ми го запомнат бидејќи ги потсетуваше на некои зборови што ним им лежеле на срце. Секако, има многу зборови на Н. Неизмерно нови. Никогаш незаборавни.
Не беше така со Њ.
-Госпоѓо, се сеќавате на мене од порано?
-Мислам не...
-Имав поголемо меше.
-Ах, да. Се сеќавам дека секогаш беше несреќна. Си го покриваше мешето и одеше со наведната глава.
-Одев така бидејќи никој не ме довикуваше за да си ја кренам главата.
-Изгледаше одбивно, депресивно и луто. Не ги довикуваме луѓето поради нивните убави имиња, туку поради дружељубивоста.
-Дали сум поубава откако се викам Н?
-Изгледаш посамоуверено, посреќно и позадоволно. А, порано поинаку ли се викаше?
-Да, се викав Њ.
-Тоа име е уште понеобично.
-Но, не асоцира, не потсетува на ништо.
-Точно, не потсетува на ништо друго...
-Да, на ништо...
-...туку само на тебе. Луѓето ќе те запамтеа со таквото име.
-Навистина?
- Да, и не по мешето, туку по името Њ.
-Благодарам. Ќе се гордеам со Новата јас, но и нема да се срамам од моето минато. Отсега без срам ќе кажувам дека се викав Њ.
Марија Лозаноска
15.10.2015, чеврток