Допуши, дољуби и оди
Кафето ми беше прегорко да го пијам.
Љубовта ја истури како случајно турнат шеќер, оној кој требаше да биде благ за нашата љубов. Ја допуши цигарата како знак за крај. Ја фрли во преполн пепелник. Како да ми ја зари во срцево, кое претходно беше преполно само од неговите видени и слушнати ѓубра. Таа беше последната цигара од паклото. Последниот жар во пепелта. Најболното го остави за на крај и веќе не знаеше каде да си ја изгасне желбата, каде да ме изгори во мојот пепелник од срце, затоа што немаше ни место. Јас веќе бев потрошна роба, испушено пакло цигари. Му дадов цела штека живот, но не за одеднаш. Не ми собира толку испушоци душава, не ми е срцево пепелник. Тој стана зависник од мене, но не од мојата личност, не од мојата искрена љубов, туку од моето безрезервно внимание, од моите потези како од кученце-поттрчко. Стана зависен како од неговите цигари. Но, јас веќе немам жарје, наеднаш сѐ му дадов. А, тој, како еден зависник од цигари и од други жени, посегна по ново. Старото е веќе потрошено. А, јас сум таа: еден човек, едно срце, една љубов, една страст, еден карактер.
Ништо ново за него...
Секогаш знаев дека нашето ќе заврши поради друга. Нему никогаш ништо не му беше доволно. Ниту шолја кафе, ниту топол сендвич, ниту едно пакување цигари. Не му бев доволна ни јас. Не сум знаела доволно да го љубам, велеше. Ни пред сите да го кревам, а ни дома. Не сум му давала доволно слобода, а најмногу што било од мене било само гушењето. Било големо колку чад во просторија со страстен пушач. А, мене тој негов чад и тоа како ме гушеше. Не само поради цигарите, туку и од солзите на очите, поради грутката во грлото, поради понижувањата во градите. Сѐ ме гушеше. Со што ли го заслужив, не знам. Давај, нуди, чекај - цигарата пак беше повкусна, позапалена и попосакувана од мене.
Јас бев само едно горко и ладно кафе.
Затоа и никогаш не го сакам кафето. А, со цигарите го добивав неговото внимание. Грешев, со мој камен по глава. Замагленоста ја предизвикуваше она што јас му го давав, а пред себе токму од неа не ме гледаше каква и која сум всушност. Тој не го испи тогаш со мене. Неговото секогаш ќе биде кај неа. Ќе биде топло и благо. Кај која и да е. Само да е нова. Со испразнет пепелник. Со ново срце. И цигари во изобилие.
Знаев дека ќе биде крајот поради друга.
Но, нека рине во неа!
И нека го испразни мојот пепелник пред заминување.
Нека ги истури сите мои чувства заедно со болките.
Но, кафето не беше погорко од моите солзи. И затоа го испив, јас сама, а солзите си ги голтнав...
Имав уште една цигара во себе. Ја изгазив и последната гордост и му ја дадов пред да го премине прагот.
Затоа и си одеше - немаше што да гаси кога нема никаков оган да гори.
Макар тутунче во замотано хартивче.
Се врати и ја запали.
Мислеше дека имам уште штеки љубов и живот во мене за него. Но, не виде дека не го испразнив преполниот пепелник, исто како секогаш кога ќе се вратеше за да ужива со него, да го полни со уште нечистотии.
Не забележа и го истури врз себе. Не го виде од галамата од чад што ја правеше околу себе. Стануваше слеп, ограничен, како со некрената магла.
Сам го исчисти и го испразни она што го наполнил.
И му се врати нему. Него нека го гледаат извалкан, без чист образ. Нему нека му тежи.
Мене ми олесна, бев посилна.
Му го тргнав од пред себе чадот. За подобро да ме види. За да види дека му ја давам онаа резерва љубов која секогаш ја чував за него. Дека конечно се ослободувам од неа и дека ќе бидам повторно новата, силна девојка, со жарјето во себе.
Но, не повеќе за него.
И не со цигари, не со труење. Не со такво мало жарче.
Туку со подобра личност. Со поздрава љубов. Која ќе биде подолга од животот на една запалена цигара. Со која слободно ќе љубам и ќе ме љуби...
Му дозволив да ме има онолку колку што ќе гори огнот на цигарата. Огнот на мојата последна љубовна цигара од мене за него. Да види колку губи и дека за толку малку време не може ништо да поправи. Веќе сум му дала доволно од сѐ. Тој никогаш не ја ни гледаше разликата помеѓу многу и малку. А, јас - му давав од многуто на мал човек. Оној за кој и ништото е премногу. Затоа малку зборови беа најдоволни за крај:
- Допуши, дољуби и оди.
Марија Лозаноска.
13.1.2014, понеделник