Вредам, не ме понижувај
Човек сум, човек си.
Зошто правиш разлика?
Кога јас сум те понижила за да ме понижуваш и ти?
Дури и да сум најдолна, пак немаш право.
Боли тоа, создава трауми, разочарувања, недоверби.
Од таквите постапки како твоите, луѓето повеќе не се сакаат.
Ти и уште еден мал милион како тебе.
Поправи си ја душата, отвори го срцето, не ми го кревај погледот.
Биди човек.
Вредниот си ги знае своите недостатоци, ги знае и туѓите и го поминува времето само во пофалба. Не кон себеси, туку кон другите, знае да ги испочитува. Ги пофалува дури и тогаш кога не треба, за да ги поддржи во она што го прават. Го пофалува полусработеното, неквалитетното, неубавото, кичот, шундот, нереалната слава, неквалитетниот труд. Теши кога некој не успеал. Притоа собирајќи негативни енергии и стискајќи се во душата. Потиснувајќи си го оној талент кој можел да го сработи додека другите ги кревал на пиедестал, додека на другите им давал зборови кои можел да си ги зачува за себе и себеси да се поддржи. Нуди помош и ретко ја добива. Вредниот и талентираниот е мета на љубоморни и невредни. Никогаш не знае кога ќе ги сретне, никогаш не знае кога ќе му кажат лага само за да му наштетат. „Да, супер си, ама ова не ти чини, мислам дека нема да ти го примат.“ - кажано неколкупати досега, кажано пречесто досега. Вредниот не е супер, вредниот е реален. Како што го љуби својот талент, така го љуби и туѓиот талент.
Но, вистинскиот талент, не испумпанот.
Да, не си човек ако ме одминеш. Не си човек ако ми слушнеш половина муабет и ни половина од тоа не ми прифатиш. Што си сработил толку вредно за да ме понижиш? Што е тоа највредно на светот што им дава за право на луѓето да можат да ги понижуваат другите? Што добивам јас од твојот превртен поглед? Ништо, но ти губиш многу. Можеби не сум нешто којзнае што, но сум човек. Сум дошла, сум те поддржала, сум верувала во тебе, и си ме разочарал. Ќе има и следен пат такви успеси, можеби и привидни, но едно лице нема да видиш таму. Можеби и повеќе, ако и други си разочарал.
Не сакам да живеам таков живот. Не сакам да славам туѓи нечовечки издигнувања, не сакам да видам куп луѓе кои со превртени очи ќе присуствуваат на мојот каков-таков успех. Подобро пет, отколку педесет – но да знам дека навистина се среќни поради она што го правам. Не сакам гужва од умислени ликови, не сакам стадо од човечки овци, не сакам да бидете видени на моето славје, сакам да присуствувате на чинот од мојот успех, сакам искрено да се насмеете, вчудоневидите или разочарате од она што јас го правам. Од мене нема да се разочарате како човек, може да се разочарате од моето дело.
Не ги мешајте нив две.
Не се сметам за некојси човек. Некојси битен човек. Штом ми се дало живот, сигурно сум потребна на овој свет. Мое е да дознаам зошто сум ви потребна вам, на човештвото, и да одлучам дали ќе се борам за тоа. Ваше е да одлучите дали тоа вреди. Не да одлучите дека не вредам како човек. Вредам! Секој човек вреди, не го понижувајте! Подадете му рака и бидете искрени, ќе ви врати со добро.
Или човекот или човештвото. Некој ќе ви врати. Или порано или подоцна.
Само не понижувајте.
Бидејќи сме луѓе, вредиме.
Марија Лозаноска
31.10.2015, сабота